Усвоени Финансискиот план за работа на ЦРЈИПР и Акциониот план за спроведување на Програмата за рамномерен регионален развој на Југоисточниот плански регион за 2021 година

На 30.12.2020 година поради пандемијата Ковид-19, преку ЗООМ платформата, онлајн се одржа XXIV (дваесет и четвртата) и последна Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион за 2020 година, на која присуствуваа градоначалниците на општините од регионот и Раководителот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Пред присутните градоначалници, Раководителот на Центарот Г-а Жулиета Ѓуркова ги презентираше Предлог Финансискиот план за работа на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за 2021 година, како и Предлог Акциониот план за 2021 година за спроведување на Програмата за рамномерен регионален развој на Југоисточниот плански регион кои на седницата едногласно беа усвоени.

На оваа Седница исто така беа донесени и едногласно усвоени и одлуките за примопредавање и преотстапување на користење и одржување на локален пат с.Бориево – с.Колешино на општина Босилово и општина Ново Село; Одлуката за примопредавање и преотстапување на користење и одржување на локален патен правец од Клучка со Р 604 пат Струмица – Дојран со клучка П-611 пат Валандово – Гевгелија на општина Дојран и Одлуките за примопредавање и преотстапување на користење и одржување на пат Богородица – Стојаково, крстосница со регионален пат Гевгелија – Богородица прва фаза на општина Богданци и втора фаза на општина Гевгелија.

ИНФОРМАТИВЕН ВОДИЧ – ЗБИРКА НА ДОБРИ ПРАКТИКИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ ВО ЗАЕДНИЦИТЕ

Негативните последици настанати како резултат на климатските промени се одвиваат на глобално ниво и се повеќе влијаат врз секојдневниот живот на луѓето.

Размената на добри практики и искуство помеѓу локалните заедници и регионите во различни земји во областа на справување со последиците од климатските промени е клучна за постигнување одржливи резултати, како на локално, така и на регионално и национално ниво, со што се овозможува да се идентификуваат потребите, изводливите решенија, како и истите да се применат кога тоа е потребно.

Токму во таа насока, Центарот за развој на Југисточниот плански регион во партнерство со општина Сандански изработи Информативен водич – Збирка на добри практики за справување со последиците од климатските промени во заедниците, во рамки на проектот „Заеднички активности за спречување и намалување на последиците од катастрофи во општините Сандански и Радовиш“ кофинансиран од Европската Унија преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија” 2014- 2020.

Во Информативниот водич, потенцирана е важноста на добрите практики и реализирани проекти со различни мерки за прилагодување кон климатските промени и ризици како што се поплава, ерозија, суша итн. Избраните примери за добри практики вклучуваат успешни проекти од Бугарија и од Северна Македонија, како и европски и меѓународни примери за активности за ублажување на последиците од климатски промени и проекти кои се фокусираат на потребата од примена на т.н. зелена инфрастуктура како одржлива мерка за борба против ефектите и спречување на ризиците поврзани со климатските промени.

Преку овој Информативен водич, локалните и регионалните чинители можат да се осврнат на идеи за подобрување на квалитетот на нивните проекти, програми и политики за борба против ефектите од климатските промени и да обезбедат одржлив развој на локалните заедници и региони.

Информативниот водич како двојазичен документ на македонски и англиски јазик во печатена форма е достапен во просториите на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, а во електронска форма на следниот линк: https://www.jointactions.eu/mk/publications.

Зајакнети капацитетите на 4 Дневни центри за лица со телесна или ментална попреченост во Југоисточниот плански регион

Во рамките на проектот „Создавање на услови за поголема социјална инклузија на лицата со посебни потреби во Југоисточниот плански регион“ финансиран од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка се одржа серија на обуки за работно оспособување и за учење на правилата за спортската параолимписка дисциплина „Бочија“ во 4 Дневни Центри за лица со попреченост во Југоисточниот плански регион.

Во рамките на проектот „Создавање на услови за поголема социјална инклузија на лицата со посебни потреби во Југоисточниот плански регион“ финансиран од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка се одржа серија на обуки за работно оспособување и за учење на правилата за спортската параолимписка дисциплина „Бочија“ во 4 Дневни Центри за лица со попреченост во Југоисточниот плански регион.

Учесници на обуките беа вработени и волонтери, корисници и родители на корисниците во Дневните центри кои преку теоретски и практичен дел се запознаа со правилата на играње на параолимписката спортска дисциплина Бочија, техники за принтање врз текстил со помош на Сито печат, изработка на рачни украси со разновидни мотиви со помош на Грничарско колце и силиконски модли.

Имено во рамки на проектот, кој го имплементира Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Дневните Центри за лица со попреченост во Валандово, Гевгелија, Радовиш и Струмица се опремени со реквизити и опрема за работна окупација, психомоторен развој и достапност.

Грничарско колце, разбој за ткаење, опрема за спортот Бочија, сито печат за печатење на најразчични теми врз ткаенина и хартија, транспортер за инвалидски колички, трицикли, интерактивни уреди, сунгерасти реквизити и најразлични репроматеријали за изработка на магнетни и глинени украси се само дел од опремата која ги збогатува постоечката образовна програма која ја добиваат корисниците, додека пак со доставените транспортери за пренесување на инвалидски колички во иднина ќе се овозможи непречено учество на овие лица на најразлични настани кои се одвиваат во затворени објекти кои немаат соодветен пристап за лица со телесна попреченост.

Станува збор за проект кој дава придонес во областа на подигање на свеста за вклучување на лицата со различни попречености во општествениот и социјалниот живот во регионот како и подобрување на секојдневниот престој во Дневните Центри.

Набавената опрема и стекнатите знаења ќе овозможат долгорочни промени во начинот на работење со лицата со различни попречености во однос на работно оспособување, зголемување на вклученоста на пазарот на трудот и социјална вклученост на регионално ниво.