Центарот за развој на Југоисточниот плански регион го продолжува рокот за пријавување по ЈАВЕН ОГЛАС за вработување на еден извршител за потребите на проектот „Деловен екосистем како интегриран систем“ до 18.02.2022 година до 16:00 часот!
ЈАВЕН ОГЛАС
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион објавува Јавен оглас за вработување на еден проектен асистент за потребите на проектот „Деловен екосистем како интегриран систем“ финансиран од Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Република Северна Македонија 2014-2020.
Заинтересираните кандидати за горенаведената работна позиција својот интерес можат да го најават со доставување на кратка биографија (CV), мотивационо писмо на англиски јазик, копија од Диплома за завршено образование, како и дополнителни документи за докажување на критериумите од конкурсот, со назнака „ЗА ЈАВЕН ОГЛАС“, најдоцна до 18.02.2022 година (петок), до 16.00 часот, во просториите на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Бул. „Маршал Тито” бр. 1-1, 2400 Струмица.
Целосниот текст на конкурсот како и прилозите може да се превземат од следниве линкови:
1. Прилог 1 – Јавен оглас по проект „Деловен екосистем како интегриран систем”
2. Прилог 2 – Задачи на проектен асистент
4. Прилог 4 – Прирачник за имплементација на проекти
No comment yet, add your voice below!