112 пожарникари од регионот ја облекоа својата лична заштитна опрема за гаснење на шумски пожари

Во одбележувањето на денот на пожарникарите, 20 Мај учество и придонес оваа година завзема и Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. Чествувањето на денот на пожарникарите оваа година пожарникарите од југоистокот ќе го паметат уште долго во своите сеќавања. 112 пожарникари од регионот денес за прв пат ја облекоа својата лична заштитна опрема за гаснење на шумски пожари, која вклучува заштитно одело (пантолони и јакна), чизми, ракавици, шлем (со заштини очила и фенер), маски со филтри и подмаска – балаклава.

Видливо беше задоволството на пожарникарите кои истакнаа дека во своето работење како пожарникари за прв пат добиваат лична заштитна опрема која е со таков квалитет и со која може да се доближат до стандардите на европските пожарникари.

 

Благодарница за успешна соработка и поддршка на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион беше доделена од страна на ТППЕ Струмица.

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион лична заштитна опрема за гаснење на шумски пожари додели на 50 пожарникари од општина Струмица, 27 пожарникари од општина Гевгелија, 22 пожарникари од општина Радовиш и 13 пожарникари од општина Валандово. За денот на пожарникарите, директорката на Центарот Г-а Жулиета Ѓуркова, заедно со градоначалниците на општините Струмица, Гевгелија, Радовиш и Валандово потпишаа протокол за примопредавање на опремата и им посакаа што помалку да ги користат своите одела на терен, но во случај на потреба за гаснење на шумски пожари да можат да целосно опремени да интервенираат на терен.

 

Следен чекор кој ќе ги подигне на скалилото за достигнување на европска спремност во гаснење на шумски пожари ќе бидат обуките спроведени од страна на меѓународни сертифицирани обучувачи и кои се очекува да започнат со почетокот на есента по намалувањето на ризикот од пожари.

Спроведените и идни активности се дел од имплементацијата на проектот за “Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“ финансиран од Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р. Бугарија и Р.Северна Македонија 2014-2020.

   

 

Промовирање на волонтерството од најмали нозе!

Центарот за развој на ЈИПР заедно со партнерите од Бугарија во рамките на проектот за „Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“ започна кампања за подигнување на свеста за доброволното пожарникарство. Да се биде доброволен пожарникар е херој на денешницата, несебично залагање за спасување на човечки живот, природата и домовите. Љубовта кон доброволното пожарникарство треба да започне да се всадува уште од најмали нозе.

На денот на пожарникарите кога и официјано професионалните пожарникари ја добија својата опрема за лична заштита од шумски пожари, дел од дечињата од основното училиште од Валандово беа во посета на Територијалната противпожарна единица во својата општина.

Дечињата заедно со градоначалникот на Валандово, Г-н Перо Костадинов и директорката на Центарот, Г-а Жулиета Ѓуркова имаа можност да ја видат и да ја пробат новата опрема за гаснење на шумски пожари, да научат што значи да бидеш пожарникар, како се гасне пожар, што се прави кога ќе заѕвони телефонот за дојава на пожар и слично. Настанот беше одлична можност за промоција како од најмали нозе децата да се охрабрат да станат херои – доброволни пожарникари во заедницата. Можноста за гаснење на симулиран пожар, како и возењето со возилата на противпожарната единица беше на особено задоволство и голема радост на децата, но и на пожарникарите кои за возврат добија многу искрени детски насмевки.

Волонтирањето е поттикнување на граѓанската свест за поширок општествен ангажман во полза на заедницата во која живееме, една од најсуштинските и најкорисните активности што можеме како луѓе да ги превземеме уште од најмали нозе.

Проектот за “Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“ е финансиран од Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р. Бугарија и Р.Северна Македонија 2014-2020, а се имплементира од страна на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, во партнерство со Асоцијацијата на Југозападни општини, Благоевград, Република Бугарија.

Сами можеме малку, а заедно може да сториме толку многу!

Потпишани договори за национално кофинансирање на два проекти преку Програмата за прекуграничната соработка со Грција

На ден 04.05.2022 година, во просториите на Офицерскиот дом во Битола, Директорката на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион Г-а Жулиета Ѓуркова и Министерот за локална самоуправа Г-н Горан Милевски потпишаа Договори за национално кофинансирање на два проектикои Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги имплементира преку Вториот повик во рамките на Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Република С.Македонија.

Се работи за кофинансирање од националниот буџет на Министерството за локална самоуправа во висина од 15% од средствата одобрени за Центарот како партнер во двата проекти кои се имплементираат во две приоритетни области и тоа за развој на локалната економија и превенција и заштита од природни катастрофи.

Преку реализација на едниот проект за којшто беше потпишан Договор за национално кофинансирање, „Деловен еко систем како интегриран систем–Be In” ќе се спроведуваат мерки за намалување на јазот помеѓу понудата и побарувачката на пазарот на трудот, поттикнување на иновативноста и развој на капацитети и вмрежување. Вкупниот буџет на Центарот за реализација на проектот изнесува 152.482,50 евра, со времетраење на реализација од 18месеци.

Додека со проектот „Рано откривање на пожарите и нивно движење за превенција и справување со катастрофи – eFIDAR“, со времетраење на имплементација од 24 месеци и вкупен буџет на Центарот од 267.939,50 евра, ќе се набават две противпожарни возила со противпожарна опрема и ќе се спроведуваат активности за ефикасно откривање и управување со шумски пожари во прекуграничната област.

Преку Првиот повик од Програмскиот период 2014-2020 од ИПА Програмата за прекугранична соработка со Грција, Центарот кон крајот на 2021 година заврши со имплементацијата на два проекти, а досега има склучено договори за вкупно седум проекти за прекугранична соработка со Грција.

ОДРЖАНА VIII (ОСМАТА) СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ ЗА РАЗВОЈ НА ЈУГОИСТОЧНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН

Советот за развој на Југоисточниот плански регион на 28.04.2022 година во општина Богданци ја одржа VIII (осмата) Седница.

Гости на оваа седница беа претставници од Швајцарската Амбасада кои го презентираа проектот „СМАРТ Систем за управување со отпад“ кој го имплементира Швајцарската Агенција за развој и соработка во партнерство со ПАКОМАК. Проектот предвидува поставување на СМАРТ сензори на сите игло контејнери во 40 општини од Република Северна Македонија, како и поставување на повратни вендинг машини за рециклирање на пластични шишиња и лименки.

Од страна на надворешен експерт на седницата беа презентирани предлог-концептите ,кои на партиципативен начин беа предложени и разработени за време на Форумските сесии, за кои Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ќе поднесе проектна документација до Министерството за локална самоуправа – Биро за рамномерен регионален развој за финансирање преку Програмата на Бирото за рамномерен регионален развој за 2022. Градоначалниците едногласно донесоа одлука за утврдување на Листа на регионални предлог- проекти за развој на Југоисточниот плански регион за 2022 година со индикативно планирани средства за 2023 година, a дел од листата за оваа година се следните проекти:

1.Туризмот – иднината на регионот;

2.Културното богатство – наследство за идните генерации;

3.Јакнење на капацитетите на ЕЛС преку изработка на комплетни технички документации.