ПРОМОВИРАН ПРОЕКТОТ „ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСЕН РЕГИОН“

На 24.03.2023 година беше промовиран проектот „Енергетски ефикасен регион“, кој го имплементира Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, во партнерство со општините Конче, Радовиш и Василево, а со кој е предвидено изградба на систем на фотонапонски централи на покривите на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ и Спортската сала „25 Мај“ во Радовиш со капацитет од 430 KW, како и изработка на софтверски дигитален систем.

На настанот свое обраќање имаа Директорот на ЦРЈИПР, Г-н Ѓоко Камчев, Државниот секретар на Министерството за локална самоуправа, Г-н Кирил Парталов, Градоначалникот на општина Радовиш, Г-н Ацо Ристов, Градоначалникот на општина Конче, Г-н Златко Ристов и Градоначалникот на општина Василево, Г-н Славе Андонов.

„Се надевам дека во наредниот период како врвен приоритет во целите на општините и на Центарот ќе биде токму зелената енергија која што значително ќе придонесе во намалувањето на трошоците на општините, а со тоа дополнително ќе им овозможи тие средства кои што досега ги трошеа на енергенси и електрична енергија да ги употребат за реализација на други проекти, кои што ќе бидат од витално значење за граѓаните од општините Василево, Конче и Радовиш“ – истакна директорот на Центарот, Г-нот Камчев.

Од страна на проектниот тим беа презентирани досегашните и идните активности кои ќе се реализираат, очекуваните резултати, како и придобивките по завршувањето на имплементација на проектот.

Вкупниот буџет на проектот изнесува околу 23 милиони денари, средства обезбедени од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка, а свое учество имаат и трите општини партнери во проектот.

Заврши реконструкцијата на патот до црквата во с. Радичево, Василево

Во рамки на проектот „Туризмот – иднината на регионот“ кој го имплементира Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, финансиски поддржан од Бирото за регионален развој успешно заврши реконструкцијата на патот до црквата „Св. Илија“ во с.Радичево, Василево во вредност од 2 196 616 денари, со што се реши еден од главните проблеми на жителите во ова населено место.

Станува збор за улица која го поврзува селото со црквата и гробиштата во должина од 327 метри, а широка 3 метри. На истата се поставени околу 1000 метри квадратни асфалт. Одводнувањето беше решено со риголи кои во иднина ќе го штитат асфалтот како и околните површини од неконтролираното излевање на водата во случај на обилни врнежи.

Со асфалтирањето на оваа улица се реши  проблемот  на граѓаните од Радичево кои долги години наназад се соочуваа  со лош пристап до црквата и гробиштата.

Изведувач на работите беше градежната фирмата „Бони Интерградба“, која за пократок рок од предвидениот целосно го реализираше овој проект!

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА

На 22 март 2023 година, Факултетот за туризам и бизнис логистика претставуван од деканот проф.д-р Татјана Бошков и Центарот за развој на Југосточниот плански регион претставуван од директорот г-дин Ѓоко Камчев, потпишаа Меморандум за соработка.

Continue reading

Југоисточниот плански регион – центар на дипломатијата!

Во рамки на Економскиот Дипломатски Караван организиран од страна на Министерството за надворешни работи во соработка со Бирото за регионален развој и Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со сите десет општини како домаќини на настанот имаа за цел да ги презентираат и промовираат најзначајните проекти за кои општините бараат извори за финансирање.

Исто така покрај проектите од општините во регионот дваесетина извозно ориентирани компании од секоја општина имаа можност да се претстават и да ги запознаат претставниците од Дипломатскиот кор во нашата држава со инвестициските можности и потенцијали на регионот.

Ова беше вистинска можност за компаниите да го претстават своето производство, да ги претстават сопствените можности и Југоисточниот плански регион посериозно да биде ставен на картата на Европа и светот.

30 КОМПАНИИ ОД ЈУГОИСТОЧНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН СЕ ЗАПОЗНАА СО НАЈНОВИТЕ МЕТОДИ ЗА ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА

Онлајн маркетингот, продажбата и вештачката интелигенција се три испреплетени полиња кои го револуционизираа начинот на кој бизнисите допираат и се ангажираат со нивните клиенти. Како што се повеќе луѓе се свртуваат кон Интернетот за да донесат одлуки за купување, компаниите мораа да ги приспособат своите стратегии за маркетинг и продажба за да ги задоволат барањата на дигиталната ера. Вештачката интелигенција одигра значајна улога во оваа трансформација, обезбедувајќи им на бизнисите моќни алатки за оптимизирање на нивните напори за онлајн маркетинг и продажба.

Со цел подобро запознавање и адаптација на малите и средните претпријатија со овој вид на маркетинг и продажба, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во рамките на проектот „Деловен екосистем како интегриран систем“, кој е финансиран  преку ИНТЕРЕГ ИПА Програмата помеѓу Р.Грција и Р.С. Македонија организираше две дводневни  работилници на тема НОВА ДИГИТАЛНА РЕАЛНОСТ, кои се одржаа на 13-14 Март и на 16-17 ти март 2023 год. во Хотел Сириус, Струмица.

Работилниците беа наменета за припадниците на бизнис секторот кои сакаат да ја зголемат ефикасноста во работењето со помош на користење на дигитални алатки, сакаат да го унапредат своето онлајн присуство, сакаат да започнат со продавање на своите услуги и производи онлајн, но и да научат нови методи за промоција на своите производи и услуги со цел да бидат поконкурентни не само на нашиот пазар туку и на светско ниво.

Учесниците имаа можност да слушнат нешто повеќе за дигитална трансформација и типови на информациони системи, најкористени системи во процесот на дигиталната трансформација, потребата од креирање на персонализиран софтвер при процесот на трансформација. Потоа, се запознаа со трендовите на дигиталната трансформација, Cloud и Хибридна Cloud околина, Xaas, вештачката интелигенција и машинско учење, како и инвестирање во Cybersecurity  итн.

Проектниот тим преку организацијата на оваа активност посочува до сите компании дека дититалната трансформација не е наменета само за ИТ компаниите, туку во денешно време е нешто што секој бизнис треба да го нуди, претставува потреба и стратешка алатка за раст и развој на компанијата.

 

НОВА ДИГИТАЛНА РЕАЛНОСТ – Работилници во рамките на проектот Би Ин

Основната дигитална трансформација во време кога технологијата е насекаде околу нас е застарена тема.
Од витално значење за секоја компанија денес, од мали до најголеми компании, е да стават акцент на воведување паметни информациони системи во своето работење и максимално да ги модернизираат организациските текови користејќи дигитални алатки кои им се на располагање, за креирање успешна деловна приказна.
Новите навики на потрошувачите бараат иновативен пристап во работењето. Време е да се соочиме со новата дигитална реалност и крајно да ги искористиме бенефитите кои ги нуди.

 

За таа цел, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион организира две, дводневни Работилници за дигитална промоција на компаниите од Југоисточниот плански регион преку онлајн маркетинг, промоција и продажба.

Тие се наменети за сите кои се стремат кон дигитална модернизација, за сите бизниси кои бараат нов дигитален начин на промоција, како и нови начини дигитално да ги понудат своите производи и услуги.

Термини на одржување на работилниците:
– 13 и 14 Март 2023 година и
– 16 и 17 Март 2023 година.
Пријавете се за бесплатна работилница на тема НОВА ДИГИТАЛНА РЕАЛНОСТ на следниот линк: https://bit.ly/3KWOpzY.
Бројот на учесници е ограничен.