ОДРЖАНА XVIII (ОСУМНАЕСЕТАТА) СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ ЗА РАЗВОЈ НА ЈУГОИСТОЧНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН

На 29.06.2023 година (четврток) беше одржана XVIII (осумнаесетата) седница на Советот за развој на ЈИПР која се одржи на платформата ZOOM.

На оваа седница беа донесени одлуки за примопредавање на објекти кои беа завршени во рамките на проектот „Туризмот – иднината на регионот“ во општините Ново Село и Василево, а исто така во рамките на проектот „Збогатување на туристичката понуда на Југоисточниот плански регион“ беше донесена одлука за примопредавање на објект – конак во општина Конче.

На седницата Советот даде согласност за аплицирање на два проекти од страна на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во рамки на програмата ИПА Адрион.

Исто така беа презентирани условите за аплицирање на ИПА Програмата со Бугарија и беа повикани сите општини да поднесат предлози да се аплицира на овој повик.

Одржан трет состанок по проектот „Би Ин“

Третиот состанок по проектот „Деловен екосистем како интегриран систем Be In се одржа на 27 Јуни 2023 година во Солун, Грција и истиот беше организиран од страна на вториот проектен партнер – Истражувачкиот институт на Универзитетот Македонија, Грција.

На состанокот беа разработени клучните аспекти неопходни за непречено спроведување на проектот и постигнување на целите. Состанокот започна со сеопфатна дискусија за досегашниот напредок на проектот, фокусирајќи се на досегашните направени трошоци и нивна валидација за секој од партнерите.

Во продолжение на состанокот присутните претставници разговараа за излезните резултати од секоја планирана и спроведена активност нагласувајќи ја нивната важност во воспоставувањето на претприемачкиот еко-систем во прекуграничниот регион.

На крајот се утврдија следните чекори кои треба да се преземат преку изработка на календар на одржување на настаните до крајот на проектот со цел да се постави јасна траекторија на движење и да се обезбеди добро координирано  и ефикасно извршување на проектот.

Проектот е кофинансиран од Европска Унија и националните фондови на земјите учеснички преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Р. С. Македонија и со продолжувањето на рокот на имплементација на проектот истиот ќе се имплементира до 30ти Ноември 2023 година.

Прво прскање против возрасни комарци во општините Конче и Радовиш

Се известуваат граѓаните од општина Конче и општина Радовиш, дека на 26 и 27 Јуни 2023 година, во раните утрински часови ќе се врши теристичка дезинсекција против возрасни комарци.

Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши кога временските услови ќе бидат подобрени.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Спој на убавина и историја – Доизграден и опремен конакот во рамките на манастирската црква Св. Стефан во Конче

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион успешно ги заврши активностите за доизградба и опремување на конак – Манастирска црква Св. Стефан во општина Конче, во рамките на проектот „Збогатување на туристичката понуда на Југоисточниот плански регион“.

Во текот на реализацијата на овој проект беа преземени градежни зафати со кои беше доизграден манастирскиот конак Св. Спас и истиот беше опремен со кујна, мебел и друга неопходна опрема,  која направи оваа место да добие пријатен амбиент и да добие изглед на уредено место кое плени со своето природно опкружување и духовна вредност.

Вкупната вредност на проектот изнесува 5.800.000,00 денари, а средствата се обезбедени од страна на Бирото за регионален развој и општината Конче.

Со имплементацијата на овој проект општина Конче ќе се најде на мапата на манастирски туристички места кое ќе го привлечат вниманието на овој вид на туристи. Овој успешно завршен проект ќе допринесе кон подобрување на туристичката понуда во Југоисточниот регион и ќе ја засили позицијата на општината Конче како како општина со богато културно и религиозно наследство.

Прво прскање против возрасни комарци и ларвицидна дезинсекција

Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека на 05, 06 и 07 Јуни 2023 година, во раните утрински часови  и во текот на пладневните часови ќе се врши теристичко третирање против возрасни комарци и ларвицидна дезинсекција со следниот распоред:

  • На 05.06.2023 (Понеделник), во општините Валандово, Дојран, Гевгелија;
  • На 06.06.2023  (Вторник), во општините Струмица, Босилово, Ново Село, Радовиш и Конче;
  • На 07.06.2023 (Среда), во општина Василево.

Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши кога временските услови ќе бидат подобрени.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.