ИЗРАБОТЕНА СТУДИЈА ЗА АНАЛИЗА НА ПРЕТПРИЕМАЧКИОТ ЕКОСИСТЕМ ВО ЈУГОИСТОЧНИОТ РЕГИОН

Во рамките на проектот „Деловен екосистем како интегриран систем – Be In“, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со Гешталт Солушнс  имплементираше серија истражувања во неколку клучни области кои имаат големо влијание врз претприемачката активност и иновативноста во регионот, кои резултираа со креирање на Студија за анализа на претприемачкиот екосистем во Југоисточниот плански регион.

Во рамките на Студијата, се анализираат предностите и слабостите на работната сила во Југоисточниот плански регион. Преку низа прашања анализата дава преглед за тоа дали работниците активно бараат работа, кои се нивните лични карактеристики и кои вештини и работно искуство ги поседуваат. Истовремено, оваа анализа нуди насоки за подобрување на работните услови и развој на современи вештини, што се потребни за напредок во современите бизниси.

Еден од основните аспекти на Студијата вклучува и истражување на претприемачките капацитети и вештини на сегашните и потенцијалните претприемачи во Југоисточниот плански регион кое обезбедува важни информации за растот и потенцијалните можности за иновации во регионот.

Дополнително, Студијата опфаќа и разработка на низа прашања односно длабински интервјуа со менаџери и одговорни лица од мали и средни компании во регионот, кои ги проучуваат предизвиците и можностите кои ги искусуваат бизнисите во регионот, прикажувајќи една карта за состојбата на претприемачката сцена во Југоисточниот регион.

Заклучоците од сите истражувањата меѓудругото покажуваат дека претпријатијата од Југоисточниот плански регион успешно се адаптираат на кризи преку усвојување на нови технологии и практики. Тие најмногу се фокусираат на онлајн маркетинг, продажба и анализа на податоци. Интересен е фактот што ваквата сосотјба на дигитализација на компаниите продолжува и по Ковид кризата, што го прикажува потенцијалот на компаниите од регионот за континуиран раст и развој.

На крајот од Студијата се дадени и препораки за поддршка на микро, малите и средните компании од Југоисточниот плански регион кои вклучуваат активности за поддршка за поголема промоција на претприемништво, организирање на обуки, развој на финансиски и нефинансиски програми, како и воведување на информативни системи за грантови и менторски програми за старт-ап компании. Целта е да се зголеми иновативноста и да се унапреди развојот на МСП во регионот.

Студијата за анализа на претприемачкиот екосистем во Југоисточниот плански регион е достапна на следниот линк: https://bit.ly/44olYSf.

Трето прскање против возрасни комарци и ларвицидна дезинсекција

Се известуваат граѓаните од Југоисточниот плански регион дека согласно направениот план на активности за третото прскање против возрасни комарци и ларвицидна дезинсекција, истото ќе се изврши во текот на наредните денови со следниот распоред:

 

Општина Василево

  • На 09.08.2023 година (среда), со почеток во 18.00 часот,ќе се изврши прскање против возрасни комарци и
  • На 10.08.2023 година (четврток), со почеток во 10.00 часот, ќе се изврши ларвицидна дезинсекција.

 Општина Босилово

  • На 09.08.2023 година (среда), со почеток во 18.00 часот,ќе се изврши прскање против возрасни комарци и
  • На 10.08.2023 година (четврток), со почеток во 10.00 часот, ќе се изврши ларвицидна дезинсекција.

 Општина Ново Село

  • На 09.08.2023 година (среда), со почеток во 18.00 часот, ќе се изврши прскање против возрасни комарци и
  • На 10.08.2023 година (четврток), со почеток во 10.00 часот, ќе се изврши ларвицидна дезинсекција.

 Општина Гевгелија

  • На 10.08.2023 година (четврток), со почеток во 18.00 часот, во населените места ќе се изврши прскање против возрасни комарци;
  • На 11.08.2023 година (петок), со почеток во 10.00 часот, ќе се изврши ларвицидна дезинсекција и
  • На 11.08.2023 година (петок), со почеток во 22.00 часот, во град Гевгелија ќе се изврши прскање против возрасни комарци.

 Општина Дојран

  • На 10.08.2023 година (четврток), со почеток во 22.00 часот, ќе се изврши прскање против возрасни комарци и
  • На 11.08.2023 година (петок), со почеток во 10.00 часот, ќе се изврши ларвицидна дезинсекција.

Општина Струмица

  • На 10.08.2023 година (четврток), со почеток во 18.00 часот, во населените места ќе се изврши прскање против возрасни комарци;
  • На 10.08.2023 година (петок), со почеток во 10.00 часот, ќе се изврши ларвицидна дезинсекција и
  • На 11.08.2023 година (петок), со почеток во 22.00 часот, во град Струмица ќе се изврши прскање против возрасни комарци.

За третирањето против возрасни комарци и ларвицидна дезинсекција во општина Валандово дополнително ќе бидете известени.

Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши кога временските услови ќе бидат подобрени.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.