Одржана XXIII (дваесет и третата) седница на Советот за развој на ЈИПР

Во просториите на ЦРЈИПР се одржа XXIII (дваесет и третата) седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион на ден 25.12.2023 година (понеделник).

На седницата, беше одобрен финансискиот план на ЦРЈИПР за 2024 г., а исто така беше презентиран и Акциониот план за сегашни и идни проекти. Исто така беа донесени две согласности за вработување на неопределено и определено време за две работни позиции согласно систематизацијата на Центарот, а беше донесена и Одлука за бодот за плати за 2024 година.

Исто така истиот ден беше одржана и третата Седница на Советот за социјална заштита на кој беше избран нов претседател со манадат од една година. За претседател беше избран Г-н Ристо Манчев, градоначалник на о.Босилово.

Одржана XXII (дваесет и втората) седница на Советот за развој на ЈИПР

XXII (дваесет и втората) седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион се одржа на ден 07.12.2023 година (четврток), во просториите на ЦРЈИПР,  со почеток во 15:00 часот.

На оваа седница експертот ги презентираше cost benefit анализа за аплицирање на проекти преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2024 година со индикативно планирани средства за 2025 година на МЛС/БРР и беше составена Листа на предлог проекти од страна на Советот.

Листата беше составена од следните проекти:

1.Создавање на модерна патна мрежа во Југоисточниот плански регион;

2.Зајакнување на туризмот: визија за подобар регион;

3.Современ простор за културен развој

4.Модернизација на Регионот – набавка на две специјализирани возила

ПРИМОПРЕДАВАЊЕ НА ЧЕТВРТО ПРОТИВПОЖАРНО ВОЗИЛО ВО ОПШТИНА РАДОВИШ

Во контекст на подобрувањето на противпожарните капацитети во Југоисточниот плански регион,  беше  предадено и четвртото противпожарно возило на о.Радовиш, кое е специјално модифицирано и опремено за ефикасно справување со шумски пожари во рамки на проектот „Рано откривање на пожарите и нивно движење за превенција и справување со катастрофи“, финансиран од ЕУ преку програмата за прекугранична соработка со Грција.

Благодарение на Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р.С.Македонија и Грција обезбеди дополнителни средства за регионот, што резултираше со набавка на ново противпожарно возило за Противпожарната единица во Општина Радовиш.

Новото возило е концептирано како пикап возило за пристап на одредени локации со пожари до кои не може да се стасува со поголеми возила, истиот модел што веќе го користат единицата на о.Валандово. Овие возила се специјално дизајнирани за брзи и ефикасни интервенции на терен, со посебен фокус на шумските пожари кои во последно време предизвикаа големи економски загуби во регионот.

Примопредавањето на новото возило е дел од стратегиската иницијатива за подобрување на капацитетите на територијалните противпожарни единици. Ова значително воспоставување на ресурсите ќе им овозможи на противпожарните единици во Гевгелија, Струмица, Валандово, а сега и во Радовиш целосна опременост и подготвеност за предизвиците при справување со пожари.

Со воведувањето на новите возила, граѓаните на Радовиш и околните општини можат се чувствуваат посигурни и заштитени, а регионот станува подготвен за брзо и ефикасно реагирање во случај на пожари.

Завршна Конференција во Солун по проектот “Рано откривање на пожарите и справување со катастрофи”

На 07.12.2023 во Солун, Грција, се одржа Завршната Конференција по проектот “Рано Откривање на пожарите и нивно движење за первенција и справување со катастрофи (eFIDAR)”, финансиран од Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Р.С. Македонија. Организатор на настанот беше Регионот на Западна Македонија, водечкиот партнер во проектот.

Целта на конференцијата беше да се презентираат резултатите и искуствата што ги стекнаа пароектните партнери и засегнати страни во текот на имплементацијата на проектот, обединети со желбата да го споделат своето искуство и придонесат кон подобрување на системот за спасување и предупредување од пожари и катастрофи.

Проектните партнери имаа можност да ги споделат најдобрите практики и иновации, креирајќи простор за дискусии и размена на искуства. Секој проектен партнер вклучувајќи го Центарот за развој на ЈИПР имаше прилика да го изнесе своето искуство и резултатите од успешното спроведување на проектот, со фокус дека  новите технологии и обуки влијаат на нивните оперативни капацитети и како вршат позитивен ефект на заштитата и безбедноста на граѓаните.

Во завршниот дел на конференцијата, партнерите разговараа за идната соработка и продолжувањето на активностите што ќе имаат влијание на безбедноста во регионот, ја истакнаа потребата за досегашните и идни напори и инвестиции што ќе доведат до подобрување на капацитетите за спасување и справување со катастрофи. Споделувањето на искуства и знаења создаде трајна основа за подобрување на способностите и превенцијата во пркуграничниот регион.

По завршувањето на Конференцијата Директорот на Центарот за рзвој на ЈИПР на партнерите од Регионот од Западна Македонија им врачи плакета за долгогодишната соработка и за особен придонес за развој на регионот по повод 15 години постоење од Центарот за развој на ЈИПР.

Заеднички Тренинг за Рано Откривање и Справување со Пожари во Солун

Во периодот од 05.12.2023 до 06.12.2023, успешно се одржа Заеднички Тренинг за рано откривање и справување со пожари во Солун во рамки на проектот “Рано Откривање на пожарите и нивно движење за первенција и справување со катастрофи (eFIDAR)”, финансиран од Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Р.С. Македонија.

Тренингот имаше за цел да ги обучи пожарникарите од нашите подрачни единици, претставници од Центар за управување со кризи и Дирекција за заштита и спасување, како и други оперативни тимови за користење на новите технологии во раното откривање и справување со пожари со помош на управување со дронови. Во текот на тренингот, учесниците добија можност да ги истренираат своите вештини и да се запознаат со последните технолошки достигнувања во областа на превенција и справување со катастрофи. Дроновите беа искористени и практично за детекција на пожари и креирање на управувачки мисии, што ја зголеми ефикасноста на оперативните тимови.

Теми обработени на тренингот вклучуваа:

  • Користење на дронови за рано откривање на пожари
  • Креирање на управувачки мисии со дронови
  • Процедури за ефикасно управување на пожари и катастрофи
  • Воспоставување на прекугранични партнерства и соработка

Учесниците добијаа значителни знаења и вештини што ќе ги подобрат нивните капацитети за предвидување, справување и минимизирање на последиците од пожарите. Овој тренинг не е само еднократна активност, туку дел од долгорочна стратегија за изградба на капацитетите и подобрување на соработката помеѓу земјите во регионот со цел поддршка на унапредувањето на заштитата и спасувањето во прекуграничната област.

Оваа активност е поддржана од страна на Европската Унија и земјите учеснички.

ОБЕЗБЕДЕНИ СРЕДСТВА ЗА НОВИ РЕГИОНАЛНИ ПРОЕКТИ

Преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2023 со индикативно планирани средства за 2024 година, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион обезбеди средства за реализација на четири нови проекти.

На ден 27.11.2023 година, Директорот Ѓоко Камчев, потпиша Договори за реализација на проекти во вкупниот износ од 47.609.475,00 денари обезбедени од страна на Бирото за регионален развој за следниве проекти:

  1. „Превземи чекор – заштити ја животната средина“ за кој се предвидени вкупно 11.190.188,00 денари, во кој како партнери се општините Струмица, Конче и Василево;
  2. „Подобрување на Енергетската Ефикасност на јавните објекти во Југоисточниот плански регион“ за кој се предвидени вкупно 19.683.056,00 денари, во кој како партнери се јавуваат општините Босилово, Гевгелија и Радовиш;
  3. „Дојран – медитерански бисер во Југоистокот“ за кој се предвидени вкупно 8.061.143,00 денари, во кој како партнер се јавува општина Дојран;
  4. „Југоисточниот регион – можност за нови туристички авантури“ за кој се предвидени вкупно 8.675.088,00 денари, во кој како партнери се јавуваат општините Василево, Ново Село и Богданци.

Освен средствата обезбедени од Бирото за регионален развој, општините партнери во проектите исто така учествуваат и со средства во вкупен износ од околу 20 милиони денари, обезбедени од општинските буџети.

Во периодот којшто следува, Центарот за развој ќе работи на имплементација на активностите од овие проекти со цел подобрување на условите за живот на сите граѓани во Југоисточниот плански регион.