XXV седница на Советот за развој на ЈИПР

На ден 27.03.2024 година (среда), во просториите на Центарот за развој на ЈИПР се одржа XXV седница на Советот за развој на ЈИПР.

На оваа седница беа донесени: Одлука за усвојување на Годишниот извештај за спроведување на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион за 2023 година, Одлука за усвојување на Годишните завршни сметки на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за 2023 година и Одлука за усвојување на Извештајот од извршен попис на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за 2023 година.

На седницата Директорот, зедно со вработените ги презентираше Годишниот извештај и Завршните сметки за 2023 година, со што присутните членови на Советот имаа можност да се запознаат со сите имплементирани проекти во 2023 година, како и приходите и расходите и останатите финансиски ставки кои беа детално разложени.

 

Се одржа XXIV седница на Советот за развој на ЈИПР

На 06.03.2024 година (среда), се одржа XXIV седница на Советот за развој на ЈИПР. Седницата беше одржана преку онлајн вклучување на платформата ЗООМ со почеток во 15:00 часот.

На оваа седница беа донесени одлуки за примопредавање на два реконструрина домови на културата во с.Моин, о.Гевгелија и с.Лубница, о.Конче, на кои се изврши реконструкција во рамки на проектот „Културно богатство – наследство за идните генерации“. Исто така беа предадени и две патеки и тоа: рекреативна патека од населено место Пирава до манастир Св.Ѓорѓи, во општина Валандово, изградена во рамки на проектот „Туризмот – иднината на регионот!“ и туристичка патека од Манастир Св. Ѓорѓи до Исар Кула, општина Валандово, во рамки на проектот „Збогатување на туристичката понуда на Југоисточниот плански регион“.

Беше донесена и Одлука за взаемна активност на општините за вршење на дезинсекција на комарци на територијата на Југоисточниот регион за 2024 година.