ВТОРА ЛАРВИЦИДНА ДЕЗИНСЕКЦИЈА ВО ЈУГОИСТОЧНИОТ РЕГИОН

 

Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека на 29 Maj 2024 година, во периодот од 09.00 до 16.00 часот ќе се врши ларвицидна дезинсекција во период и тоа во следниве општини:

  • Валандово, Дојран, Радовиш, Конче, Ново Село, Босилово, Василево, Струмица;

Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши кога временските услови ќе бидат подобрени.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Одржана XXVI седница на Советот за развој на ЈИПР

На 14.05.2024 година беше одржана XXVI седницата онлајн на платформата ЗООМ.

На дневен ред беа ставени точки за примопредавање на фотоволтаичен систем инсталиран на спортската сала и училиштето „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш, за кои средства беа обезбедени преку Грантовата шема. Исто така беше добиена и согласност за склучување на анекс на Договор за вработување на определено време.