Ревитализација на дел од крајбрежјето на Дојранското Езеро – Стар Дојран

Езерскиот туризам се смета за важен развоен приоритет на Југоисточниот регион, затоа што нуди бројни
можности за развој на бизниси и нови работни места, но затоа што ја подржува целта на регионалниот развој во извозот и директните инвестиции. Со овој проект се предвидува изгрaдба на паркиралишта, скалила, пристапни рампи, дел од пристапните патеки и жардинерии, изградба на потпорен кејски ѕид и санација на езерското крајбрежје во сувиот дел и во вода.

Ревизија на главен проект за изградба на брана Конско со придружни објекти

Во 1978 и 1979 година изготвен е главен проект за изградба на Брана „Конско“ со придружни објекти, која брана треба да ги реши проблемите на овој микрорегион. Со овој проект треба да се изработи ревизија на веќе постоечкиот проект и да се приспособи на денешните пазарни вредности.

Цели на проектот:

  • Изградба на Брана „Конско“ со придружни објекти;
  • Подобрени услови за животот на населението во општините Дојран, Гевгелија и Богданци;
  • Обезбедени доволни количества на вода за пиење за трите општини;
  • Развој на земјоделието како една од основните егзистенционални стопански гранки во трите општини;
  • Развој на туризмот и збогатување на туристичката понуда;
  • Подобрување на енергетската состојба на регионот.

Резултати од проектот:

  • Ревидиран главен проект за изградба на Брана „Конско“ со придружни објекти.

Изработка на идеен проект за зафаќање на дел од водите на река Смилјанска за дотур на вода во акумулацијата на брана „Мантово“

Подолг временски период заради промена на климатските услови кои имаат директно влијание на состојбата на изворите на вода, како и развојот на стопанските дејности, инфраструктурата и навиките на населинието во овој микро-регион има доста проблеми во редовното водоснабдување со вода за пиење и наводнување и тоа во зависност од годишното време и ноќната и дневната потрошувачка.

Со овој проект се предвидува да се даде решение за квалитетно микро-регионално водоснабдување на вода за пиење, наводнување на земјоделските површини и обезбедување на техничка вода за стопанството и индустријата.

Цели на проектот:

  • Зафаќање на дел од водите на река Смилјанска и изградба на цевковод во должина од 28,95 км до акумулацијата на брана Мантово, за зголемување на количините на вода за 7-8 милиони метри кубни;
  • Наводнување на земјоделските површини во зависност од потребите на засадените култури во површина од 5.200 ха од општините Радовиш, Конче и Василево;
  • Обезбедување на квалитетното водоснабување на вода за пиење на жителите од општината Радовиш и околните општини;
  • Обезбедување на техничка вода за потребите на стопанството во општината Радовиш;
  • Можности за искористување на водниот капацитет од акумулацијата на брана Мантово за производство на електрична енергија;
  • Овозможување на предуслови за развој на туризмот на вештачкото езеро Мантово и микро-регионот;
  • Подобрен биолошки баланс помеѓу флората и фауната;
  • Подобрување на условите за живеење на населението.

Резултати од проектот:

  • Извршени геодетски мерења на трасата;
  • Извршени геолошки истражувања на трасата;
  • Изработен идеен проект;
  • Извршена ревизија на основниот проект за зафаќање на дел од водите на река Смилјанска за дотур на вода во акумулацијата на брана „Мантово“.