Skip to content

Оживување на безвременските симболи на Дојран и Невестино

Краток опис на проектот

Проектот  се фокусира врз главните предности и придобивки на двата региони. Резултатите ќе се постигнат преку спроведување на активностите за конзервација, реставрација и реконструкција на културно-историските споменици – Саат кулата и турската бања во Дојран. Подобрување на пешачките патеки за пристап до културните и историските локалитети, рехабилитација и конзервација на Кадин мост во Невестино, промоција на туризмот и производство на промотивни филмови за културно-историското наследство на двата региона. Организација на уметнички обичаи и прекуграничен фолклорен саем. Обновените културни и историски локалитети ќе бидат од корист и на новите посетители и на локалното население како краен корисник, со што ќе им се дадат поголеми можности да започнат (или да продолжат со постоечките) деловни иницијативи поврзани со туристичките производи и услуги.

Партнери

Општина Дојран, Југоисточен регион, Општина Невестино, Ќустендил

Вкупен буџет

499.477,11 €

Финансиран од

Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Република Северна Македонија 2014-2020

Резултати

  • Подобрени пешачки патеки за пристап до културните и историските локалитети,
  • Рехабилитација и конзервација на Кадин мост во Невестино,
  • промоција на туризмот и производство на промотивни филмови за културно-историското наследство на двата региона,
  • Организација на уметнички обичаи и прекуграничен фолклорен саем.

Времетраење

24 месеци

Веб страна

Проектот  се фокусира врз главните предности и придобивки на двата региони. Резултатите ќе се постигнат преку спроведување на активностите за конзервација, реставрација и реконструкција на културно-историските споменици – Саат кулата и турската бања во Дојран.

Галерија

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram