Skip to content

Подобрување на Енергетската Ефикасност на јавни објекти во Југоисточниот плански регион

Состојба на проект

Датум на отпочнување

февруари 1, 2024

Датум на реализација

ТИП НА ФИНАНСИРАЊЕ

Национални фондови

БУЏЕТ (ДЕНАРИ)

6990542

Во Југоисточниот регион постојат јавни објекти кои се користат од страна на голем број граѓани, а се во руинирана и многу лоша состојба со застарена инфраструктура врз која дополнително негативно влијаат климатските фактори и надворешните влијанија, што доведува до зголемена потрошувачка на електрична енергија за нивно затоплување за да се создадатповолни услови за работа и извршување на секојдневните активности.  Кај дел од тие објекти и покрај големата потрошувачка на електрична енергија е скоро невозможно да бидат загреани и да се создадат услови за нормално функционирање. Од ист таков тип се и таргетираните објекти во општините Гевгелија, Радовиш и Босилово за кои со проектот е предвидена реконструкција и адаптација со замена на кров, столарија, енергетски ефикасна фасада и поставување на фотоволтаици на еден од објектите со цел намалување на трошоците.

Подобрувањето на енергетска ефикасност и намалувањето на потрошувачката на eлектрична енергија на јавни објекти во трите оштини Радовиш, Босилово и Гевгелија опфаќа:

–               Реконструкција и адаптација на јавен објект на зграда ТППЕ – Радовиш која е во многу лоша состојба. Зградата датира од 1945 година и е со застарени дрвени прозорци и врати кои некои од нив не се затвараат целосно, ниту пак дозволуваат пријатна работна атмосфера поради провевот на ветар кој минува низ нив. Поради старата столарија и пукнатините во зградата, е речиси невозможно кога има неповолни надворешни влијанија и временски непогоди истата да се затопли бидејќи моментално се греат на дрва. Преку проектот предвидено е целосна реконструкција и адаптација на зградата на ТППЕ во општина Радовиш со површина од 156 м2 со замена на кров, столарија (прозори и врати) и енергетски ефикасна фасада, која ќе резултира со намалени трошоци за одржување на објектот, односно намалување на потрошувачката на енергенси за греење и ладење, како и подобрување на работните услови.

–               Реконструкција и адаптација на јавен објект на подрачно основно училиште „Кирил и Методиј“ во с.Секирник – Босилово која исто така  е во многу лоша состојба, кровната конструкција е нефункционална и често пати кога има дожд прокиснува и тече, фасадата е стара без изолација, излупена со пукнатини, столаријата е дрвена стара и пропушта провев во училниците. Во основното училиште моментално се затоплуваат само училниците во кои има деца и се греат на дрва со ќумбе кое што чади и ја загадува просторијата и нема соодветен тоалет, туку учениците мора да излегуваат надвор за да користат полско ВЦ, надвор од училишната зграда кое е во многу лоши услови. За подобрување на енергетската ефикасност на подрачното ОУ „Кирил и Методиј“ во с.Секирник предвидено е реконструкција на кровот со поставување на фотоволтаици, нова термо фасада, промена на дел од внатрешната и надворешна столарија, како и изградба на санитарен јазол во склоп на училишниот објект што ќе резултира со постигнување на заштеди во поглед на трошењето на електричната енергија и подобри услови за учениците и вработените.

–               Реконструкција и адаптација на јавен објект Спортски центар „Партизан“ – Гевгелија. Овој спортски објект е со големо историско значење и датира од 1935 година позната и како „Соколски дом“ и е во близина на стадионот во којашто се одржувале голем број на спортски и културни настани. Моментално е во руинирана состојба и е целосно нефункционален, со дрвена столарија со искршени стакла, руниран паркет, оштетена бина и нефункционални сали. Објектот не се затоплува, поради неговата моментална состојба и затоа не е во можност да се користи за било какви спортски активности.Преку проектот со реконструкција на кровот, промена на столаријата (прозори, врати) и енергетски ефикасна фасада, ќе се овозможи функционирање на објектот, негова енергетска ефикасност и нормални услови во кои ќе може да се обавуваат спортски активности не само за општина Гевгелија, туку и за соседните општини.

Реализацијата на еден ваков проект каде се предвидува реконструкција и адаптација на енергетско ефикасни јавни објекти ќе придонесе кон заштеда на средства, поефикасно греење и ладење, поквалитетна животна средина, зголемување на примената на обновливи извори на енергија, намалување на потребата од увоз на енергија и финансиски бенефит така што заштедите може да се пренаменат во задоволување на други потреби што можеби би резултирало со подобар и поквалитетен живот на граѓаните во овие општини..

Енергетска ефикасност всушност значи извршување иста или поголема низа активности со иста или помала количина потрошена енергија (електрична, топлинска, светлосна, кинетичка) и со помала емисија на јаглерод диоксид во атмосферата. Со имплементација на овој проект истовремено, се обезбедуваат и услови за одржлив рамномерен развој. Тоа значи дека со намалено искористување на енергетските извори им се овозможува на идните генерации да имаат ресурси за сопствен раст и развој.

Галерија

Парнерски општини: Општина Радовиш, Општина Босилово, Општина Гевгелија
Документација 

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram