Skip to content

ТУРИЗМОТ – ИДНИНАТА НА РЕГИОНОТ!

Состојба на проект

Тековни проекти

Датум на отпочнување

ноември 11, 2022

Датум на реализација

ТИП НА ФИНАНСИРАЊЕ

Национални фондови

БУЏЕТ (ДЕНАРИ)

35.15397900

Во рамките на овој проект планирани се следниве активности:

– Изградба на спортско рекреативна трим патека во должина од 1050 м и поставување на урбана опрема како што се 15 дрвени клупи, 15 канти за отпад и паркинг на почетокот на трасатаво с.Босилово, о. Босилово;

– Изградба на бетонирана патека за лица со попреченост во должина од 324 м и поставување на 15 корпи за отпадоци, 1 инфо табла, рамка за паркирање на велосипеди, 1 сообраќаен патоказ и означување на паркинг место за лица со попреченост, како и прилагодување на еден летниковец, изградба на македонска традиционална фурна, на Мокринските извори во с.Мокрино, о. Ново Село. Реконструкцијата и поплочување на постоечките патеки во должина од 330 м, поставување на нова ограда на местата каде истата не е поставена, реконструкција на летниковци, изработка на нова дрвена платформа, како и заменување на старите реквизити со нови како што се поставување на 15 канти за отпадоци, 5 дрвени патокази, 13 клупи, 3 маси и поставување на 2 сообраќајни патокази на Колешинските водопади во с.Колешино, о. Ново Село;

– Одбележување, порамнување и проширување на велосипедска патека на Фронтовата линија во Дојран како и поставување на 20 патокази, 2 летниковци и 57 канти за отпад по нејзината должина, како и набавка на 20 електрични велосипеди, поставување на 2 смарт табли за информирање на туристите, еден полнач со два приклучоци за електрични автомобили, и поставување на слободни интернет зони;

– Подобрување на туристичката инфраструктура со одбележување на патека за пешачење и велосипедизам, како и поставување на урбана опрема како што се електрични инсталации и осветлување, 30 дрвени клупи, 30 канти за отпадок и 4 видиковци долж локалниот пат во населеното место Пирава, о. Валандово;

– Изградба на улица во с.Радичево, о. Василево во должина од 327 м, која ќе ги поврзува центарот на селото, со Црквата „Св. Илија“ и другите манастири и цркви во нејзина близина;

– Изградбата на локален пат – обиколница во должина од 905,66 м, кој ќе ги поврзува сите патни правци со планината Плачковица во општина Радовиш.

Со цел поддршка и развој на различни видови на туризам во регионот и тоа рурален, езерски, културен, планински и верски туризам, проектот ќе опфати поставување на урбана опрема и инфраструктурни активности во шест општини во Југоисточниот регион и тоа: Босилово, Валандово, Василево, Дојран, Ново Село и Радовиш.

Резултати:

– Зголемен број на странски туристи и популаризација на Дојран како дигитална туристичка дестинација;
-Зголемен број на посетители со акцент на лицата со посебни потреби и развиен рекреативен туризам;
-Зголемена понуда на уредени места во Југоисточниот регион каде граѓаните ќе можат да го минат слободното време;
-Зголемен еконoмски приход.

Галерија

Парнерски општини: Општина Босилово, Општина Василево, Општина Радовиш, Општина Валандово, Општина Ново Село, Општина Дојран
Документација 

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram