

ЈАВЕН ОГЛАС
ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА 2 (ДВАЈЦА) ИЗВРШИТЕЛИ
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион објавува Јавен оглас за вработување на 2 (двајца) извршители – проектни асистенти за потребите на проектите „Кон прекугранична област, безбедна за срцето – HEART SAFE CBA“ – и „Пристапност и вклучување за сите во јавните туристички средства и услуги за туризам – TX4ALL“ , финансирани од Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Република Северна Македонија 2021–2027.
Работното ангажирање е на определено време од 24 месеци, со работно време од 20 часа неделно.
Заинтересираните кандидати треба да ги достават потребните документи најдоцна до 27.01.2026 година (вторник), до 16:00 часот, во просториите на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Бул. „Маршал Тито“ бр. 1-1, 2400 Струмица.
За сите дополнителни детали околу условите, критериумите, потребната документација и постапката за пријавување, Ве молиме преземете го целосниот оглас на следниот линк:
👉 Јавен оглас за ангажирање на 2 (двајца) извршители

