Територијата на општина Богданци зафаќа простор на крајниот јужен дел на Републиката, и тоа од левата страна на реката Вардар. Морфолошки општината во основа е рамничарска, со мошне добар бонитет на земјиштето, така што се вбројува во најдобрите аграрни простори, особено за производство на рано градинарство. Таа се граничи со општините Стар Дојран, Валандово и Гевгелија, а на поширок простор и со државната гранична линија со Грција. Во составот на општината се вбројуваат само четири населени места, од кои Богданци е централно место и седиште на општината. Другите населби се: Стојаково,Селемли и Ѓавото. Во однос на орографските услови сите населби се рамничарски, и тоа на мала надморска височина, помала од 100 метри.
Површинa: 114 км2
Број на жители: 8707
Населени места: 4
Главни стопански гранки: Земјоделство; Транспорт;
Деловни субјекти: 206
Главни приоритети на локален економски развој:
Развој на земјоделството првенствено преку остварување на капацитетите во преработка на земјоделските производи; Формирање на нови мали и средни претпријатија, искористување и реактивирање на едуцираната работна сила.
Општина Босилово се наоѓа во средишниот дел на плодното Струмичко поле, помеѓу планините Огражден и Беласица. Низ нејзиниот средишен дел поминува реката Струмица и реката Турија кои се влеваат во реката Струма во Република Бугарија.Таа граничи со соседните општини Василево, Ново Село и Струмица формирајќи Струмички микрорегион.
Површина: 140 км2
Број на жители: 14 260
Населени места: 16
Главни стопански гранки: Земјоделство; Сточарство;
Деловни субјекти: 175
Главни приоритети за локален економски развој:
Развој на современо земјоделско производство на здрава храна; Развој на еко туризам; Заштита на животната средина; Подршка за развој на мали и средни претпријатија.
Валандово е урбана општина и се наоѓа во југоиточниот дел на Република Северна Македонија. Според апсолутната надморска височина е една од најниските во државата, со просечна надморска височина од 226 метри.Населбите се распоредени долж течението на реката Вардар, на нејзиниот лев брег, како и во подножјето на планината Плавуш. Главни компетативни предности на општината се извонредните климатски услови, поволната географска местоположба (крстопатот кон граничните премини за Р.Грција и Р. Бугарија) како и археолошките локалитети.
Површина: 331 км2
Број на жители: 11 890
Населени места: 19
Главни стопански гранки: Земјоделство, конфекција, конзервна индустрија (конзервирање на зеленчук)
Деловни субјекти: 260
Главни приоритети за локален економски развој:
Развој на земјоделското производство; Изградба на зона за мало стопанство;
Територијата на општина Василево го зафаќа средниот дел на Струмичко- Радовишката Котлина, или северозападниот дел на Струмичко поле. Оваа општина се граничи со општините Босилово, Берово, Радовиш, тесен дел од Конче и Струмица. Главните компетативни предности на општината се можноста за развој на селски туризам, производство на здрава храна, искористување на потенцијалот на браната Турија, организирање и стопанисување на регионалната депонија во с. Доброшинци.
Површина: 221 км2
Број на жители: 12 122
Населени места: 18
Главни стопански гранки: Земјоделство; Лозарство; Овоштарство; Сточарство; Дрвна индустрија; Текстилна индустрија;
Деловни субјекти: 150
Главни приоритети за локален економски развој:
Доразвивање на индустриската зона во с.Василево; Подготовка на техничка документација за индустриски зони во другите населени места; Отварање пазар на големо за земјоделски производи; Развој на ЈП Турија во сферата на водоснабдување и прифаќање на фекалните води.
Општина Гевгелија се наоѓа во најјужниот дел од Република Северна Македонија, на самата граница со Република Грција, на надморска височина од 64 м .Низ територијата на општина Гевгелија минува примарната оска на развојот која се протега по Вардарската долина во правец север-југ и претставува дел од коридорот 10. Мошне важна е и пограничната позиција на општина Гевгелија со Република Грција, како и можностите за лоцирање на стопанските капацитети, кои бараат голем транспорт на суровини и готови производи, при што близината на Солунското пристаниште претставува значајна компаративна предност.
Поволно влијание треба да има новопредвидената идна “хоризонтална” врска – од Битола преку Мариово до Гевгелија, како сообраќаен правец кој ги поврзува источните и западните делови на Република Северна Македонија и кој воедно ги интегрира најзначајните туристички простори.
Површина: 485 км2
Број на жители: 22 988
Населени места: 17
Главни стопански гранки: Текстилната, прехранбената индустрија, металопреработувачка,електроиндустрија, преработка на пластични маси.
Деловни субјекти: 712
Главни приоритети за локален економски развој:
Производство на еколошка храна; Развој на туризмот (транзитен, бањски и планински); Реализација на проектот “ Слободна економска зона”.
Општина Дојран е сместена е до самото Дојранско Езеро на крајниот југоисточен дел од Република Северна Македонија на надморска височина од 146 м, непосредно до самата граница со соседна Грција. Подрачјето на општината е претежно ритчесто. На западниот брег од езерото се наоѓа височината Калатепе со надморска височина 691 метар. На северозападниот дел благо се издигнува Асанлиско Поле, кое преку с. Николиќ се прелева во плодна котлина. На северозапад над Асанлиско Поле се издигнува ридот Боска со надморска височина од 720 метри и планината Беласица, а на исток се падините Планината Круша, кои многу благо се спуштаат кон езерото, при што се создаваат мошне плодни површини. Најнискиот дел од котлината е на југ, кај населбата Кара-Дојран во соседна Грција.
Површинa: 132 км2
Број на жители: 3426
Населени места: 14
Главни стопански гранки: Туризам, Индустрија, Земјоделство
Деловни субјекти: 74
Главни приоритети на локален економски развој:
Туризам: летен, спортски, транзитен; Локации за мали индустриски капацитети; Развој на лозарство и раноградинарско производство.
Конче денес е типично рурална општина сместена во централно-источниот дел од Република Северна Македонија опкружена со Конечка планина и Смрдешник, односно општините Штип, Неготино, Демир Капија, Валандово, Струмица, Василево и Радовиш. По своите морфолошки карактристики, таа претставува одделна природна географска средина. Оваа земјоделска сточарска општина располага со три вештачки акумулации.
Површинa: 237 км2
Број на жители: 3536
Населени места: 14
Главни стопански гранки: Земјоделство, Сточарство, Овоштарство
Деловни субјекти: 60
Главни приоритети на локален економски развој:
Отворање нови стопански капацитети, Изградба на инфраструктура со којашто ќе има поголема комуникација на општината Конче со другите општини.
Општина Ново Село се наоѓа во крајниот југоисточен дел на Република Северна Македонија. На север територијата се издига до сртот на планината Огражден, во средниот дел е широката рамнина на реката Струмица, во јужниот дел се издига до сртот на планината Беласица. Таа се граничи со општините Берово, Босилово и Струмица.Општината е единствена и се разликува од другите по тоа што е единствена општина во РСМ која граничи со две држави од ЕУ, го има највисок водопад во Република Северна Македонија и многу други природни, историски и културни богатства.
Површинa: 252 км2
Број на жители: 11 966
Населени места: 16
Главни стопански гранки: Земјоделство; Дрвна индустрија; Текстилна индустрија; Прехранбена индустрија; Градежништво, туризам и угостителство.
Деловни субјекти: 230
Главни приоритети на локален економски развој:
Подобрување на животот на жителите, создавање на услови за побрз развој и подршка за развивање на малите и средни претпријатија.
Сместена во југоисточниот дел на републиката општина Радовиш го зафаќа северозападниот дел од пространата Радовишко-Струмичка котлина, односно горното сливно подрачје на реката Радовишка. Главни компетативни предности на оваа општина се местоположбата, производството на здрава еколошка храна и поволните услови за развој и вложувања.
Површинa: 608 км2
Број на жители: 28 244
Населени места: 20
Главни стопански гранки: Земјоделство; Текстилна индустрија;
Деловни субјекти: 140
Главни приоритети на локален економски развој:
Стопански развој – капацитети; Вработување; Инфраструктура.
На крајниот југоисток на Република Северна Македонија, веднаш под тромеѓето на меѓудржавните граници со Бугарија и Грција сместена е плодната Струмичка котлина, а во нејзиниот западен дел и истоимента општина Струмица. Оваа општина на исток се граничи со општината Босилово, на запад со општината Конче, на север со општина Василево, на Југоисток со општина Ново Село, а на југозапад со општина Валандово.
Површина 322 км2
Жители 54 676
Населени места 25
Главни стопански гранки:
Земјоделство и сточарство; Прехрамбена индустрија, дрвна индустрија, рударска индустрија, металопреработувачка идустрија, електроиндустрија, текстилна индустрија (тешка и лесна конфекција).
Деловни субјекти : 6669
Главни приоритети за локален економски развој:
Модернизација на постоечките произвотствени капацитети и отварање нови; Развој на современо земјоделско производство на здрава храна; RРегионален центар за заедничка понуда на раноградинарски производи;Алтернативен туризам; Бански туризам;Културен туризам; Рурален туризам.