Согласно член 8 од ЗСПИЈК за службено лице за остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер е поставено:
Даниела Мафкова
email: daniela.mafkova@rdc.mk
072 248 960
НАЧИН НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ:
Слободен пристап до информации имаат сите правни и физички лица. Слободен пристап до информации имаат и странски правни и физички лица во согласност со овој и друг закон.
Образецот на Барањето содржи назив на Имателот на информацијата, личното име и презиме на Барателот на информацијата, податоци за можниот застапник или ополномоштеното лице, фирмата или правното лице, опис на информацијата со која сака да се запознае, на каков начин сака да се запознае со содржината на бараната информација и на каков начин да му се достави бараната информација. Барање може да се поднесе пополнето и на обичен лист хартија но на истото барателот е должен да наведе дека станува збор за Барање по основ на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Барателот не е должен да го образложи барањето.
Годишни извештаи за спроведување на ЗСПИЈК
Барањата за пристап до информации од јавен карактер граѓаните можат да ги пратат по електронски пат на службеното лице или по пошта на следната адреса:
Центар за развој на Југоисточниот плански регион
ул. Бул. Маршал Тито бр.1-1
2400 Струмица
Република Северна Македонија
Согласно член 4 став 2 од Законот за заштита на укажувачи („Сл.весник на РМ“ бр.196/15, 35/18 и „Сл.весник на РСМ“ бр.257/20), член 2 став 1 и член 3 од Правилникот за заштитено внатрешно пријавување во институциите во јавниот сектор („Сл.весник на РМ“ бр.46/16), член 50 став 1 точка 14, Директорот на ЦРЈИПР донесува ОДЛУКА за назначување на лице овластено за прием на пријави од укажувачи:
Даниела Мафкова
email: daniela.mafkova@rdc.mk
072 248 960
НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ:
Укажувачот, со добра намера врши заштитено внатрешно пријавување со поднесување на пријава:
– во писмена форма (лично или препорачано по пошта)
– по електронски пат преку електронско сандаче, или
– усно на записник пред овластеното лице
Пријавата во писмена форма или усно на записник укажувачот ја поднесува до овластеното лице во текот на работното време.
Укажувачот не е должен да ја докажува добрата намера и вистинитоста на поднесената пријава.
Регулативи за заштитено внатрешно пријавување: