Skip to content

Подобрување на комуналните услуги во Југоисточниот плански регион преку набавка на возило за општина Валандово

Краток опис на проектот

Проектот е насочен кон подобрување на системот за управување со отпадот и унапредување на квалитетот на комуналните услуги во општина Валандово преку набавка на специјализирано возило за собирање и транспорт на отпад.

Потребата за реализација на проектот произлегува од состојбата со постојната комунална механизација, која е застарена и подложна на чести дефекти, што ја намалува ефикасноста и редовноста на услугите за собирање на отпад. Недоволните капацитети за навремено собирање и транспорт на отпадот создаваат дополнителни предизвици за одржувањето на јавната хигиена и можат да придонесат кон појава на диви депонии и загадување на животната средина.

Со набавката на новото специјализирано возило ќе се зајакнат оперативните капацитети за управување со отпадот и ќе се создадат услови за поредовно, поефикасно и поквалитетно обезбедување на комуналните услуги за населението.

Проектот предвидува и можност за флексибилно користење на возилото во случаи кога е потребно дополнително зајакнување на капацитетите за собирање и транспорт на отпад, со што се поттикнува подобро искористување на расположливите ресурси и меѓуопштинската соработка во Југоисточниот плански регион.

Цели на проектот

Општата цел на проектот е подобрување на квалитетот на живот на граѓаните преку зголемување на ефикасноста и квалитетот на комуналните услуги и создавање почиста и поздрава животна средина.

Специфичните цели на проектот се:

  • подобрување на системот за собирање и транспорт на комуналниот отпад;
  • модернизација и зајакнување на капацитетите на комуналните служби;
  • подобрување на редовноста и ефикасноста на собирањето на отпадот;
  • подобрување на јавната хигиена и заштитата на животната средина;
  • намалување на ризикот од создавање диви депонии;
  • намалување на трошоците поврзани со одржувањето и честите поправки на старата механизација;
  • унапредување на меѓуопштинската соработка и поефикасно користење на расположливите ресурси.

Партнери

Центар за развој на Југоисточниот плански регион - носител на проектот, Општина Валандово

Вкупен буџет

4.950.000 денари

Финансиран од

Министерство за локална самоуправа, Општина Валандово

Резултати

Со реализацијата на проектот се очекува:

  • набавено и ставено во функција едно специјализирано возило за собирање и транспорт на отпад;
  • зајакнати капацитети за обезбедување комунални услуги во општина Валандово;
  • подобрена редовност и ефикасност на собирањето на отпадот;
  • подобрена јавна хигиена и почиста животна средина;
  • намалување на условите за создавање диви депонии;
  • обучен персонал за безбедно и ефикасно користење на новото специјализирано возило;
  • намалени трошоци за одржување на старата комунална механизација;
  • подобрени услови за живот на жителите на општина Валандово.

Времетраење

7 месеци

Веб страна

Проектот е насочен кон подобрување на системот за управување со отпадот и унапредување на квалитетот на комуналните услуги во општина Валандово преку набавка на специјализирано возило за собирање и транспорт на отпад.

Галерија

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram