Прв отворен ден за презентација на 3Д опрема
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во текот на наредниот период организира 6 (шест) отворени денови за сите кои сакаат да се запознаат со воведување на една од најиновативните технологии на денешницата – 3Д скенирање и принтање на прототипови, модели и готови производи со помош на 3Д скенер и принтер.
Посетителите ќе имаат можност непосредно да разговараат со експерти во областа на 3Д моделирањето, да се запознаат со процесот на изработка на дизајни и производи во 3Д формат и да ги дознаат предностите од користењето на 3Д технологијата во иднина во различни области од науката.
Место: Во просториите на Центарот за развој на ЈИПР во Струмица
Време: Во текот на месеците ноември и декември 2022 година
Пријавете се за присуство на: 072/223-628
Оваа активност се имплементира во рамките на проектот „Деловен екосистем како интегриран систем – БИ ИН“, финансиран преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Р.С. Македонија.