5та Специјализрана обука за противпожарна заштита
5та Специјализрана обука за противпожарна заштита за пожарникарите од Територијалните противпожарни единици и доброволците од противпожарните доброволни здруженија од Југоисточниот плански регион и доброволните пожарникари од Република Бугарија. Вежбите и обуките се дел од имплементацијата на проектот за “Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“ финансиран од Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р. Бугарија и Р. Северна Македонија 2014-2020, проект кој Центарот за развој на Југоисточниот плански регион го спроведува во партнерство со Асоцијацијата на Југозападни општини, Благоевград.