Земјoделствoтo претставува еден oд дoминантните сектoри на лoкалната екoнoмија и игра важна улoга вo oстварувањето приходи на домаќинствата во рамки на Југоисточниот плански регион. Бидејќи Југоисточниот регион е карактеристичен по доста променлива клима би можело да се каже дека земјоделскиот сектор е најранлив на климатските промени.
Во последните години се забележуваат зачестени временски непогоди кои предизвикуваат огромни штети во земјоделството. Гплем ризик од климатските прпмени е појавата на болести врз градинарските и овоштарските култури во регионот.
Земјоделците се соочуваат со тешкотии кон адаптирање на климатските промени, несознанија и застарени методи при управување со земјоделските посеви бидејќи не располагаат со потребните ресурси. Сето тоа може да предизвика неефективно еколпшко управување. Затоа се јавува потреба од нови методи со цел превземање на соодветни мерки во соодветно време.
- Цели на проектот
– Осовременување на земјоделскито производство преку поставување на 23 Агрпметеролошки станици во ЈИПР;
– Современа и подобра информираност на земјоделскиот сектор за климатските промени и можните болести кои ги напаѓаат земјоделските култури;
– Заштита на животната средина со соодветно третирање на земјоделските површини;
– Создавање на услови за подобрување на економскиот развој.