Skip to content

Вмрежување на МСП од Креативната индустрија во прекуграничниот регион – ПАРК

Краток опис на проектот

Партнери

Центар за доживотно учење (Ниво 2) во Регионот Централна Македонија – Подрачна единица во Серес

Вкупен буџет

18573000

Финансиран од

Резултати

Времетраење

Веб страна

Секторот на креативни индустрии нуди големи можности за претприемачкиот дух во прекуграничниот регион. Сепак, овој сектор е се уште недоволно разбран и е во фаза на развивање, особено во прекуграничниот регион. Иако имаат висок потенцијал за понатамошен развој, фирмите се во голема мера оставени сами на себе со недостатокот на вештини и маркетинг за промоција на нивните производи. За жал, многу од овие компании се затвараат во текот на првите две години од нивното основање поради недостаток на поддршка.

Малите и средни претпријатија се движечка сила на економскиот развој. Во рамките на регионот, постои недостаток на институции кои нудат поддршка на малите и средни претпријатија преку обезбедување на простории и консалтинг и други услуги по цени под пазарната вредност, со цел да им се помогне на овие претпријатија во периодот на стабилизација и нивен опстанок на пазарот.

Иновациите денес се императив за успех, но за жал, финансискиот капацитет на новоформираните МСП, во најголем дел, е ограничен и самите претпријатија не се во можност да обезбедат истражување и развој на нови идеи, едни од најпознатите основни проблеми во бизнисот.

Токму затоа овој проект се стреми кон подобрување на бизнис климата и пружање на помош на МСП во подобрување на нивните бизниси.

Цели на проектот:

  • Воспоставување на Инкубатор и систем на е-часови;
  • Воведување на нови комуникациски технологии и обезбедување на заеднички ИКТ (ICT) услуги во областа на електронското учење;
  • Да се воведат иновативни пристапи во областа на маркетингот на претпријатијата;
  • Да се промовираат прекуграничните бизнис партнерства и вмрежување преку создавање на заеднички веб-базирана промотивна платформа,
    организирање на бизнис состаноци и форуми;
  • Да се зголеми капацитетот на малите и средни претпријатија преку спроведување на повеќе тренинзи, форуми и работилници;
  • Да се промовира прекуграничниот регион.

Резултати од проектот:

  • Зголемена прекугранична размена на знаењето преку заедничко искуство, заеднички ресурси на знаење и практики за водење бизнис на МСП во
    прекуграничниот регион;
  • Информирани претприемачи и подобрена бизнис клима во прекуграничниот регион врз основа на нова соработка и платформи за размена на
    искуства (формирана прекугранична бизнис мрежа);
  • Подобрени можности на МСП за водење бизнис;
  • Подобрена бизнис средина за малите и средни претпријатија, особено за креативните индустрии преку обезбедување на услуги за нивна поддршка;
  • Овозможување на start-up бизниси за младите вработени;
  • Подобрена директна поддршка на малите и средните претпријатија и воспоставени врски помеѓу науката и економијата преку и надграден Тренинг
    Центар;
  • Трансфер на универзитетско знаење (“know-how”) преку организирани настани во рамките на проектот;
  • Совети на високо ниво за новите и start-up бизниси;
  • Воспоставен Инкубатор, е-училници и програми за е-учење (учење преку интернет).

Галерија

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram