Со овој проект се предвидува изградба на фотоволтаични системи, односно поставување на фотоволтаична фото напонска централа на крововите на јавни објекти/згради на општина Радовиш и тоа: на три позиции на објектите на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ о.Радовиш и на три позиции на спортско рекреативниот центар „25-ти Мај“ со можност надоградба и проширување во иднина и на други згради и јавни објекти Југоисточниот регион.
Фотонапонските централи ќе придонесат за значително намалување на трошоците за електрична енергија во трите општини. Произведената енергија ќе биде распределена по следниот принцип: 25% за општините Конче и Василево, додека 50% ќе припаѓа на Општина Радовиш. Овие заштеди ќе овозможат општините да ги насочат средствата кон други развојни приоритети, како што се подобрување на образованието и инфраструктурата.