Skip to content

Заеднички акции за заштита и подобрување на јавното здравје во прекуграничната област

Краток опис на проектот

Општата цел на проектот IpA Shield е подобрување на ефективноста на примарните и превентивните здравствени услуги во прекуграничната област преку надградба на постојните медицински услуги и опрема и поставување на нова, со акцент на превенцијата од дијабетес.
Прекуграничната област се карактеризира со значителни регионални разлики и постоење на силни метрополи. Покрај тоа, голем дел од населението е рурално и припаѓа на ранливите групи како што се децата и постарите лица. Проектот има за цел да го зголеми бројот на граѓани кои се опфатени со подобрените здравствени услуги и да ги намали случаите на Дијабетес кој бележи значителен пораст особено кај децата.

Партнери

Општа болница Кукуш Јавна здравствена установа Општа болница-Гевгелија, 4-та Регионална Здравствена Управа на Македонија – Тракија, Здравствен дом Валандово, Национален ургентен центар

Вкупен буџет

1.237.065,47 €

Финансиран од

Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Република Северна Македонија 2014-2020

Резултати

Главните резултати во рамките на проектот IPA SHIELD II се состојат од:

  • Медицинска опрема од големо значење за 2 општи болници и 4 здравствени домови во прекуграничната област и поточно: (i) Општата болница Кукуш, (ii) Јавната здравствена установа: Општа болница – Гевгелија, (iii) Здравствени домови на Гумениса, Дросато, Поликастро и Валандово
  • Медицинска опрема за спроведување на контролните денови, вклучително и специјални стапчиња за мерење на шеќер во крвта и апарати за мерење на шеќер во крвта кои ќе се користат во 6-те здравствени установи наведени погоре/ Имплементација на просечно 20.000 прегледи за дијабетес насочени кон децата и постарите лица вкупно/
  • Во Општата болница Гевгелија ќе се формира и работи 1 центар за дијабетес со фокус на превенција на болеста и информирање на локалното население.
  • Во Кукуш и Гумениса ќе бидат организирани 4 програми за обука за родители со фокус на прва помош на децата каде ќе бидат обучени 80 родители
  • Кампања фокусирана на дијабетес и превентивна здравствена заштита (вклучувајќи 2 минутен ТВ спотот за дијабетес – информации за закажаните денови за преглед во Грција)

Времетраење

44 месеци

Веб страна

Општата цел на проектот IpA Shield е подобрување на ефективноста на примарните и превентивните здравствени услуги во прекуграничната област преку надградба на постојните медицински услуги и опрема и поставување на нова, со акцент на превенцијата од дијабетес.

Галерија

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram