Нашата идеја е да создадеме место каде сите целни групи од Југоисточниот плански регион ќе имаат олеснет пристап до услугите и зголемена активност и учество во различни активности кои се реализираат од страна на Регионалниот бизнис центар во рамките на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.
Главни активности:
- Воспоставување на Заеднички работен простор;
- Промотивни активности за привлекување на потенцијалните корисници;
- Организирање на настани во заедничкиот работен простор;
- Промоција на проектните активности и постигнатите резултати.
Цели на проектот:
- Подобрување на претприемачкиот амбиент за промовирање на МСП во ЈИПР;
- Основање на Заеднички работен простор (Co – working space);
- Зајакнување на односите со бизнис секторот.