“Природата не познава граници”. Врз основа на оваа глобално прифатена изрека, ажурираните стратегии за зачувување на природата се фокусираат на дизајнот и имплементацијата на заедничките еколошки политики, проширување на тековната мрежа на заштитени подрачја и развој на кохерентни, функционални и меѓусебно поврзани, меѓународни мрежи на заштитени подрачја.
COMBINE2PROTECT е креиран за решавање на овие современи предизвици за зачувување. Овој проект има за цел да обезбеди солидна основа за заеднички и ефикасни иницијативи за зачувување преку воспоставување на заедничка мрежа на заштитените подрачја меѓу двете земји.
Овој проект ќе ги обезбеди сите неопходни алатки, ќе ги користи најнапредните методи, ќе интегрира и анализира многу бази на податоци за да ја претстави структурата, функционалноста и придобивките од заедничката мрежа. Овој проект ќе придонесе кон изработка на акциони планови, ќе им даде приоритет на локациите за зачувување, ќе ги мапира критичните живеалишта и ќе дизајнира зелени коридори со цел да се развијат алатки за подобрување на тековната конзервација.
* Оптимизиран мониторниг и заштита на клучни локации
– Развивање на Регионална Стратегија за Биодиверзитет со Акциски План, мапи на клучни живеалишта, видови и сензитивност на Југоисточниот регион
– Одредување на еколошките својства (видови-живеалишта), граници и хидрологија на Моноспитовското блато – Подготовка на План за управување
– Развивање, тестирање и спроведување на техники за обсервација и иновативни методи за следење на статусот на зачувување и заканите
– Развивање на стратешки план и обезбедување на инфраструктура за намалување на потребите за вода за наводнување во Националниот парк Преспа
– Примена на мерки за подобрување на состојбата за зачувување на приоритетните живеалишта и видови во Националниот парк Преспа со ублажување на влијанијата од пасење
* Развој на заедничка мрежа за заштитени подрачја
– Дизајнирање на заедничка мрежа за зголемување на сегашната и идната поврзаност и еколошката функционалност, со акцент на приоритетните видови и живеалишта
– Идентификување на нови локалитети во двете земји кои ќе бидат вклучени во мрежата на заштитени подрачја
– Проценка и моделирање на социо-економски движечки сили (на пр. Политики на ЕУ, економски трендови) и притисоци врз животната средина кои дејствуваат врз биолошката разновидност под влијание на тековните и проектирани идни услови
– Мапирање на клучните живеалишта, видови, притисоци и екосистемски услуги
* Градење на капацитети на еколошки мрежи
– Развивање на динамички отворен систем за размена на податоци на еколошка мрежа
– Обезбедување на различни активности за едукација и промоција (Брендирање, мобилна апликација, документарен филм итн.)
– Следење на процесот за подигање на свеста
– Поддршка за трансфер на знаење