Skip to content

Зачувување на духовните светилишта – одржлив туристички потенцијал во Струмица и Ќустендил

Краток опис на проектот

Проектот беше фокусиран на проблемот на диверзификација на локалниот туристички производ, каде што културното наследство се смета за највредно. Се направија концентрирани напори за повторно откривање на локалитети, со религиозни специфики, кои секогаш се интересни за туристите (странски и локални), но исто така многу добро ги надополнуваат останатите постоечки туристички атракции во регионот. Бидејќи целна група на проектот се туристите, тие се соочуваат со тешкотии да добијат пристап до такви места. Така, проектот е фокусиран на социјализација на неколку локации во Ќустендил и Струмица, воспоставувајќи и врски и пристапни патеки меѓу некои од нив и други туристички дестинации (еко-патека што ги поврзува црквата Успение на дева Марија со водопадот Скакавица).

Новиот пристап е да се поврзат постоечките со нови дестинации, за да ги направат сите поатрактивни, и така – да ја поддржат локалната економија преку повеќе посетители во регионот. Користејќи методи на реконструкција и социјализација, заедно со информативни активности, генералната цел на проектот беше да им предложи на туристите ново атрактивно искуство. Зголемувањето на туристичката атрактивност на прекуграничната област ќе има долготраен ефект и за локалното население. Бидејќи регионите на Ќустендил и Струмица имаат слични специфики, потребите се речиси идентични – како да се искористат историските и природните ресурси за стимулирање на локалната економија и особено туризмот. Така, партнерите избраа да ги постигнат поставените цели преку заеднички проект со примена на методи кои немаат негативно да влијаат на природата.

Партнери

Општина Струмица, Југоисточен регион, Општина Ќустендил

Вкупен буџет

499.135,27 €

Финансиран од

Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Република Северна Македонија 2014-2020

Резултати

Следните резултати се постигнаа како резултат на проектот:

  1. Изградени патишта и пешачки патеки – 6171 м.;
  2. Изградени 508 м2 туристички зони;
  3. Изготвени 3.000 тематски брошури засновани на спроведени истражувања;
  4. Произведени рекламни материјали 300 привезоци за клуч, маици, чадори, капи;
  5. Беше организиран отворен саем во Ќустендил со повеќе од 120 учесници;
  6. Се спроведе финален форум за 40 учесници и отворање на настан во Струмица за 140 учесници.

Времетраење

24 месеци

Веб страна

Проектот беше фокусиран на проблемот на диверзификација на локалниот туристички производ, каде што културното наследство се смета за највредно.

Галерија

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram