Skip to content

Заштита на локалното население од општините Петрич и Струмица од природни катастрофи и катастрофи предизвикани од човекот

Краток опис на проектот

Во рамките на овој проект беше испорачана специјализирана опрема – модуларен систем за реакција при кризни ситуации со модул “Поплава” и модул “Шумски пожари” за двата партнери на проектот. Оваа опрема помогна за адаптација и ублажување на последиците од климатските промени и заштита на локалното население на општина Петрич и општина Струмица од поплави и пожари.

Опремата е адекватно средство за борба со катастрофи за волонтерските формации на двете општини – 21 од Петрич и 10 од Струмица. Двете волонтерски формации беа обучени во рамките на проектот како да ја користат новата опрема и учествуваа во размена на искуства и добри практики во областа на превенција на ризикот и заштита на локалното население во кризни ситуации, со цел зголемување на нивниот капацитет во соодветната област. Со развојот на учебна книга, дел од активностите на проектот и нејзината презентација меѓу учениците во училиштата, се подигна свеста кај младите за климатските промени и нивните последиците како и за можностите за нивната реакција во кризни ситуации.

Партнери

Општина Петрич, Општина Струмица

Вкупен буџет

399.904,70 €

Финансиран од

Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Република Северна Македонија 2014-2020

Резултати

Со спроведувањето на овој проект, општинските администрации на Петрич и Струмица го зголемија капацитетот за управување и спроведување на проекти финансирани од ЕУ, за спречување и ублажување на последиците од природни катастрофи и катастрофи предизвикани од човекот, за обезбедување на безбеден живот за населението во двете општини.

Времетраење

18 месеци

Веб страна

Во рамките на овој проект беше испорачана специјализирана опрема – модуларен систем за реакција при кризни ситуации со модул “Поплава” и модул “Шумски пожари” за двата партнери на проектот.

Галерија

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram