Skip to content

Зголемување на безбедноста во сообраќајот на магистралниот пат М-6 (с. Босилово – с. Турново) преку изградба на тротоари и регулирање и прифаќање на површинските атмосферски води

Состојба на проект

Реализирани проекти

Датум на отпочнување

февруари 13, 2014

Датум на реализација

ноември 6, 2014

ТИП НА ФИНАНСИРАЊЕ

Национални фондови

БУЏЕТ (ДЕНАРИ)

3000000

Mагистралниот пат М-6 поминува низ центарот на населените места Босилово и Турново и води кон граничниот премин Ново Село и Р. Бугарија,
а понатаму и кон другите држави. Затоа фрекфенцијата на овој патен правец е голема и секојдневно се користи за движење на тешки товарни возила, автобуси и автомобили за внатрешен и меѓународен превоз на стока и патници.

Во овие населени места Босилово и Турново безбедноста на пешаците во сообраќајот е на ниско ниво, бидејќи тротоарите ги нема или ако има не се во согласност со стандардите, со што е отежнато движењето од двете страни на магистралниот пат од страна на граѓаните на тие населени места што доведува до зголемување на сообраќајните незгоди.

Од друга страна, количеството на вода која што се создава при појава на обилни врнежи, се задржува на коловозните ленти, при што придонесува кон загрозување на сообраќајот и безбедноста на пешаците.

Со овој проект ќе се овозможи изградба на бекатонски пешачки патеки и поставување на бетонски сливници и одводни канали со што ќе се зголеми безбедноста на пешаците и ќе се намали ризикот од сообраќајни незгоди.

Цели на проектот:

  • Зголемување на безбедноста на граѓаните од населените места Босилово и Турново;
  • Изградба на пешачки патеки – тротоари во населените места Босилово и Турново;
  • Поставување на сливници за одлив на атмосферските води.

Резултати од проектот:

  • Зголемена безбедност на жителите од с. Босилово и с. Турново;
  • Намален број на сообраќајни незгоди;
  • Изградени пешачки патеки;
  • Поставени сливници и шахти;
  • Подобрен квалитетот на живот на населението од с. Босилово и с. Турново.

Галерија

Парнерски општини: Општина Босилово, Општина Ново Село
Документација 

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram