Skip to content

Зголемување на конкурентноста на регионалниот туризам преку поддршка на развојот на руралниот и културниот туризам во прекуграничниот регион

Краток опис на проектот

Имплементацијата на проектот имаше позитивно влијание врз развојот на туристичкиот производ на прекуграничниот регион. Развиени се нови алатки и активности за промоција на уникатното културно наследство во регионот преку создавање на каталог со автентични населби и традиции. Информациите беа собрани и сумирани како огромна е-библиотека и печатен каталог со населени места. Проектот имаше за цел алтернативно претставување на уникатното наследство преку организирање на фото-натпревар и патувачка изложба. Преку веб-базиран софтвер за даватели на туристички услуги, креиран е иновативен инструмент за подобрување на нивната конкурентност и вкупните перформанси.

Целта на проектот беше постигната преку спроведување на следниве активности:

– Фото конкурс и патувачка изложба „Запустените населби и традиции на прекуграничниот регион Бугарија и Македонија“;
– Дигитална база на податоци и библиотека за населени места од прекуграничниот регион БГ и МК со зачувана автентична архитектура, традиции, начин на живот, прослави, обичаи и сл.);
– Маркетинг стратегија за развој на рурален туризам во прекуграничниот регион на Бугарија и Македонија;
– Веб-портал „Е-ТУРИЗАМ“ – Редизајн, оптимизација, адаптација, ажурирање и одржување;
– Изработка и монтажа на кратки филмови за уникатното културно и историско наследство на прекуграничниот регион (Сандански и Струмица);
– Развој на веб-базирана софтверска услуга за самооценување на давателите на туристички услуги и тур-оператори;
– Луксузен каталог „Запустените населби и традиции на прекуграничниот регион Бугарија и Македонија“;
– Развој на специфични заеднички туристички тематски производи;
– Форум за дискусија во Македонија и Завршен прекуграничен форум

Партнери

Центар за развој и промоција "Промо Идеа" - Струмица, Здружение "Савремие" - Сандански Благоевград

Вкупен буџет

116.373,30 €

Финансиран од

Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Република Северна Македонија 2014-2020

Резултати

Имплементацијата на проектот го потпомогнa подобрувањето на конкурентноста на туристичкиот производ од регионот и со тоа придонесе кон специфичната цел – Подигање на конкурентноста на туристичката понуда на прекуграничниот регионот. Проектот создаде инструменти и содржина (е-библиотека, ажуриран веб-портал, каталог) за промовирање на богатото нематеријално културно наследство со цел понатаму да се искористи за развој на туризмот во регионот. Изработена е стратегија за маркетинг за развој на рурален туризам во регионот на Бугарија и Македонија.

Веб-порталот „Е-ТУРИЗАМ“ беше преработен и редизајниран, вклучувајќи и продукција на нова содржина (http://e-tourism-bg-mk.eu/); изготвено е ново Интернет решение – ГИС-мапа на населбите од регионот; беа произведени два кратки филмови за уникатно културно и историско наследство на регионот; развиен е веб-базиран софтверски сервис за самооценување на давателите на туристички услуги и тур-оператори; создаден е луксузен каталог „Запуштените населби и традиции на прекуграничниот регион Бугарија и Македонија“, како и 8 заеднички тематски туристички производи за рурален и алтернативен туризам – секој со карактеристично име и карактеристични одлики и вкус на уникатниото културното наследство на регионот.

Времетраење

15 месеци

Веб страна

Имплементацијата на проектот имаше позитивно влијание врз развојот на туристичкиот производ на прекуграничниот регион. Развиени се нови алатки и активности за промоција на уникатното културно наследство во регионот преку создавање на каталог со автентични населби и традиции.

Галерија

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram