Проектот има за цел заштита на животната средина и одржливa употреба на заедничките природните ресурси во областа на прекуграничната соработка и придонесува кон инвестирањето во зелена инфраструктура и енергетско образование во прекуграничниот регион, конкретно во градинките и кај децата од предучилишна возраст.
Проектот се однесува на инвестиции од мал обем во ЕЕ и ОИЕ во детските градинки во Струмица и Ќустендил (реконструкција, набавка на опрема за “зелени” училници, изградба на “зелени” игралишта); спроведување на заедничка програма за градење на капацитетите на наставниците; едукација на децата и родители за заштита на животната средина и одржливото користење на заеднички природните ресурси, итн.
Со цел да се изврши реконструкцијата и другите инвестициски зафати во детските градинки во Струмица и Ќустендил, ќе бидат ангажирани изведувачи; исто така, предвидено е ангажирање на надворешни експерти, со цел да се развие и имплементира програма за градење на капацитетите на наставниците, обуки за децата и родители за заштита на животната средина и одржливото користење на заеднички природните ресурси, итн.