Skip to content

Изградба на две прифатилишта за бездомни животни

Состојба на проект

Тековни проекти

Датум на отпочнување

јули 6, 2018

Датум на реализација

декември 31, 2021

ТИП НА ФИНАНСИРАЊЕ

Национални фондови

БУЏЕТ (ДЕНАРИ)

19971922

Сведоци сме на голем број на напади и проблеми кои ги имаат граѓаните со бездомните кучиња во целиот регион. Во последниот период нападите се позачестени со што се доведува во прашање здравјето и безбедноста на луѓето, особено на децата. Стравот е се поприсутен, луѓето не можат слободно да шетаат по улиците или по парковите бидејќи се во постојан страв од напад на кучиња кои шетаат во глутници, некотролирано лаат и агресивно се однесуваат кон случајните минувачи.

Како резултат на ова, градоначалниците од Југоисточниот плански регион како прв приоритет на регионот за 2018 година се согласија да биде Изградбата на две прифатилишта за бездомни животни во општините Струмица и Гевгелија, со што овие прифатилишта ќе имаат обврска да ги згрижуваат кучињата од целиот регион.

Преку овој проект ќе се овозможи во новоизградените прифатилишта да се обезбеди елементарна заштита на животните од непогодни временски услови и да се обезбеди нивно ефикасно затварање. Согласно законската обврска, заловувањето на кучињата скитници ќе се врши од квалификувани лица на начин кој нема да предизвика непотребна болка или страдање. Во прифатилиштата ќе се обезбеди спроведување на соодветни мерки и персонал со цел ефикасна заштита на животните, редовно хранење и напојување и доколку е неопходно лечење на животните. Со овој проект трајно и на хуман начин ќе се реши проблемот со кучињата скитници во целиот регион.

Со изградба на двете прифатилишта и набавка на соодветно возило со приколка за транспорт ќе се реши една од обврските и најголемите проблеми кои во моментов го имаат општините од регионот. Во овие прифатилишта, бездомните животни од целиот регион ќе бидат згрижени и заштитени, а во исто време општините од регионот ќе имаат бенифиции и економски заштеди во целиот овој процес.

*Цели на проектот 

  • Изградба на две прифатилишта за бездомни животни;
  • Подобрување на безбедноста на граѓаните во Југоисточниот плански регион;
  • Заштита и згрижување на бездомните животни во Југоисточниот плански регион;
  • Набавка на соодветно транспортно возило и транспортна приколка во Југоисточниот плански регион.

*Резултати од проектот 

  • Изградени 2 прифатилишта (во Струмица и Гевгелија) со 80 кафези во двете прифатилишта;
  • Зголемена безбедност на жителите од Југоисточниот плански регион во однос на напади од бездомни животни;
  • Набавени транспортни возила и приколки за двете прифатилишта;
  • Преземени соодветни мерки и ангажиран персонал со цел ефикасна заштита на животните, редовно хранење и напојување и доколку е неопходно лечење на животните;
  • Овозможено трајно решавање на проблемот со бездомните животни во целиот регион.

Галерија

Парнерски општини: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Општина Радовиш, Општина Струмица
Документација 

Споделeте го овој проект

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram