Skip to content

Изградба на дел од локален пат од с.Банско-општина Струмица до с.Моноспитово-општина Босилово

Краток опис на проектот

Патниот правец од клучката кај оранжерии кај с. Банско – Општина Струмица до населено с. Моноспитово – Општина Босилово, се протега во должина од 2.368,82 метри и е во категоријата на полски патишта.
Со непостоењето на модерна патна инфраструктура, отежната е и оневозможена комуникацијата на населението, нивниот економски развој и лесниот пристап до туристичките, културно-историските и природните реткости што ги пружи подбеласичкиот регион.
Во моментот полскиот пат се користи само од граѓани-земјоделски производители за пристап до своите земјоделски површини, на кои претежно има подигнато пластеници во кои се одгледуваат раноградинарски култури. Со ваквата лоша состојба на полскиот пат отежнат е и транспортот на земјоделските производи што доведува до намалување на нивниот квалитет.
Изградбата на локалниот патен правец се состои од изработка на комплет нова коловозна конструкција, дефинирање и уредување на банкини, изработка на хоризонтално и вертикално решение и решавање на одводнувањето од атмосферски води.
Со изградбата односно осовременувањето на овој патен правец ќе се подобри комуникацијата помеѓу двете населени места, како и околните населени места. На туристите љубители на природата кои го посетуваат и престојуваат во подбеласичкиот регион ќе им се олесни пристапот до Споменикот на природата „Моноспитовско Блато“, кој е во непосредна близина на овој патен правец.

Цели на проектот:

  • Подобрување на локалната патна инфрастуктура во Југоисточниот плански регион;
  • Подобрување на условите за живот на граѓаните во овој микро регион;
  • Олеснет пристап до туристички локалитети кои се наоѓаат во близина на двете општини.

Партнери

Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Општина Радовиш, Општина Струмица

Вкупен буџет

7912230,00 денари

Финансиран од

Биро за регионален развој , Општина Босилово и Општина Струмица

Резултати

  • Изграден дел од локалниот пат со мост на река Водочница во должина од 2.368,82 метри;
  •  Населението кое ќе ја користи новата изградена инфрастуктура;
  •  Број на моторни возила кои ќе го користат локалниот пат.

Времетраење

7 месеци

Веб страна

Патниот правец од клучката кај оранжерии кај с. Банско-општина Струмица до населено с. Моноспитово-општина Босилово, се протега во должина од 2.368,82 метри и е во категоријата на полски патишта. Со непостоењето на модерна патна инфраструктура, отежната е и оневозможена комуникацијата на населението, нивниот економски развој и лесниот пристап до туристичките, културно-историските и природните реткости што ги пружи подбеласичкиот регион.

Галерија

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram