Skip to content

Изградба на дел од пат помеѓу населените места Чанаклија и Нова Маала во должина од 1 км

Краток опис на проектот

Развојот на еден регион зависи од повеќе фактори. Еден од позначајните е квалитативниот и квантитативниот степен на изградба на физичката инфраструктура. Секое општество се стреми кон овозможување на повисок и поквалитетен животен стандард на граѓаните, што во суштина значи и константно подобрување на условите за живот.

Патниот правец с. Чанаклија – с. Нова Маала, Oпштина Василево е во должина од 4.02 км и спаѓа во категоријата на локални патишта. Неговата изградба е започната уште во 2013 година со што до сега има изградено само 1,3 км од патот како и мост на река Погана. Изградбата не е довршена при што постојниот земјен пат е во многу лоша состојба и е тешко проодлив за моторни возила особено по врнежи на дожд и снег.

Со изградбата на овој локален патен правец ќе се подобри комуникацијата меѓу граѓаните од населените места Чанаклија, Нова Маала и Доброшинци, кои заедно имаат околу 670 домаќинства или околу 2450 жители. Овој патен правец е од особено значење за учениците од Чанаклија од шесто до деветто одделение, кои секојдневно патуваат до училиштето во Нова Маала.

Со комплетирањето на овој пат ќе се скрати времето на патувањето на учениците до училиштето и ќе се подобрат условите при патувањето. Од друга страна пак асфалтирањето на овој локален пат значи подобрување на локалната патна инфраструктура на ниво на Југоисточниот плански регион, реализација на уште една потреба на граѓаните, а ќе се подобри и транспортот на земјоделските производи. Ќе се овозможи граѓаните од овие населени места да се поврзат со патот А4 до граничниот премин Ново Село кон Р. Бугарија.

Значително ќе се намали патувањето на граѓаните кои наместо 20 километри, со изградбата на овој патен правец ќе патуваат само 4 км за да се поврзат со Општина Босилово и Општина Берово преку регионалниот пат Р-1302.

*Цели на проектот 

  • Подобрување на локалната патна инфраструктура во Југоисточниот плански регион;
  • Подобрување на условите за живот на граѓаните во регионот;
  • Подобрување на транспортот на земјоделските производи;
  • Намалување на времето за патување помеѓу двете населени места;
  • Олеснување на пристапот до туристичките локации.

Партнери

Општина Василево, Општина Босилово, Општина Струмица

Вкупен буџет

8.771.183,00 денари

Финансиран од

Биро за регионален развој и Општина Василево

Резултати

  • Изграден дел од пат помеѓу населените места Чанаклија и Нова Маала во должина од 1 км;
  • Зголемен број на земјоделци кои ќе го користат патот за подобар пристап до пазарите на големо;
  • Подобрен квалитетот на живот на населението од с. Чанаклија и с. Нова Маала;
  • Подобрена локалната патна инфраструктура во Југоисточниот плански регион.

Времетраење

8 месеци

Веб страна

Развојот на еден регион зависи од повеќе фактори. Еден од позначајните е квалитативниот и квантитативниот степен на изградба на физичката инфраструктура. Секое општество се стреми кон овозможување на повисок и поквалитетен животен стандард на граѓаните, што во суштина значи и константно подобрување на условите за живот.

 

Галерија

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram