Skip to content

Изградба на мост на река Турија на локален пат с. Просениково – с. Сарај

Состојба на проект

Датум на отпочнување

февруари 14, 2020

Датум на реализација

март 31, 2021

ТИП НА ФИНАНСИРАЊЕ

Национални фондови

БУЏЕТ (ДЕНАРИ)

15034315

Патната инфраструктура е добро развиена во Југоисточниот регион, иако постојат услови за нејзино подобрување. Должината и квалитетот на локалната патна инфраструктура се задоволителни и не се под европските стандарди. Трендот на зголемување на должината на асфалтните патишта е позитивен. Сепак потребнo e осовременување на постоечката и изградба на нова патна инфраструктура, особено помеѓу населените места во општините и помеѓу општините.

Токму овој проект предвидува осовременување и обновување на патната инфраструктура помеѓу населените места с. Просениково, о. Струмица и с. Сарај, о. Босилово преку изградба на мост на река Турија на овој патен правец.

Овој проект предвидува изградба на модерен инфраструктурен објект – мост со ширина од 6 метри коловозна конструкција и 2 x 1,0 метар тротоарна површина наменета за пешачки сообраќај. Должината на мостот ќе изнесува 24,6 метри, а вкупната должина заедно со пристапните патишта од двете страни на мостот ќе изнесува 215 метри. Предвидено е мостот да биде за 3 метри повисок од претходниот, со што би се спречило истиот да биде повторно однесен доколку се зголеми нивото на реката Турија при обилни врнежи од дожд.

Изградбата на мостот на река Турија помеѓу селата Просениково и Сарај ќе овозможи обновување и осовременување на патната инфраструктура во Југоисточниот плански регион и подобрување на условите за живот на сите граѓани во регионот, а ќе се овозможи и поголем економски развој на самиот регион.

Цели на проектот:

  • Изградба на мост на река Турија на локален пат Просениково – Сарај во должина од 215 метри;
  • Подобрување на сообраќајната комуникација меѓу граѓаните од населените места Просениково и Сарај;
  • Намалување на времето на патување на жителите од општина Василево преку општина Босилово кон општина Ново Село, односно регионалниот пат кон границата со Р. Бугарија;
  • Побрзо и побезбедно патување на земјоделските производители до своите ниви, како и до откупните центри во регионот.

Резултати од проектот:

  • Изграден мост на река Турија на локален пат Просениково – Сарај во должина од 215 метри;
  • Подобрена сообраќајната комуникација меѓу граѓаните од населените места Просениково и Сарај;
  • Намалено време на патување на жителите од општина Василево преку општина Босилово кон општина Ново Село, односно регионалниот пат кон границата со Р. Бугарија;
  • Намалени транспортни трошоци на земјоделските производители и подобрен квалитет на земјоделските производи;
  • Подобрени услови за живот на населението во Југоисточниот плански регион.

Галерија

Парнерски општини: Општина Струмица, Општина Босилово, Општина Василево
Документација 

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram