Skip to content

Изградба на пристапен пат до регионалниот стационар за бездомни кучиња

Краток опис на проектот

Преку овој проект се планира да се изгради модерна инфраструктура за лесен и брз пристап до прифатилиштето за бездомни животни во општина Струмица. Со проектот се  предвидува изградба на пристапен пат во должина од 561 метри до прифатилиштето, а покрај патот со овој проект ќе се овозможи влезниот дел од прифатилиштето да се уреди со паркинг простор, да се уреди партерно и хортикултурно, со затревување на просторот, поставување на клупи за седење, канти за отпадоци и засадување на дрвја.

Овој проект има регионално значење бидејќи иако со прифатилиштето ќе раководи и ќе го финансира општина Струмица истото во иднина, во согласност со законските прописи, би било во функција и на соседните општини за минимален надомест по заловено куче.

Ваквиот проект ќе придонесе од една страна кон модернизирање на локалната инфраструктура во Југоисточниот регион, зголемен економски развој како и изградба на инфраструктурата во постоечките индустриски зони, а од друга страна ќе овозможи квалитетен пристап до прифатилиштето за бездомни животни во о. Струмица.

Цели на проектот:

  • Изградба на пристапна улица до регионалното прифатилиште за бездомни животни;
  • Партерно и хотикултурно уредување на влезот на регионалниот стационар за бездомни животни;
  • Поставување урбана опрема и целосно оплеменување на просторот;
  • Намалување на бројот на повредени лица од бездомни кучиња;
  • Зголемување на интеграцијата на старите лица и децата до 14 години во општествените активности.

Партнери

Центар за развој на Југоисточниот плански регион - носител на проектот, Општина Струмица, Oпштина Богданци, Oпштина Босилово, Oпштина Василево, Oпштина Валандово, Oпштина Гевгелија, Oпштина Дојран, Oпштина Конче, Oпштина Ново Село, Oпштина Радовиш

Вкупен буџет

6.484.022,00 денари

Финансиран од

Биро за регионален развој и Општина Струмица

Резултати

  • Изграден пристапен пат во должина од 561 метар до стационар „Лана“;
  • Уреден паркинг простор и извршено хортикултурно и партерно уредување;
  • Намален бројот на пријави во општините од каснувања од улични кучиња;
  • Зголемена фрекфенција на стари лица и деца до 14 години на јавните површини и на настани;
  • Пораст на бројот на посетители и туристи во регионот.

Времетраење

6 месеци

Веб страна

Преку овој проект се планира да се изгради модерна инфраструктура за лесен и брз пристап до прифатилиштето за бездомни животни во општина Струмица. Со проектот се  предвидува изградба на пристапен пат во должина од 561 метри до прифатилиштето, а покрај патот со овој проект ќе се овозможи влезниот дел од прифатилиштето да се уреди со паркинг простор, да се уреди партерно и хортикултурно, со затревување на просторот, поставување на клупи за седење, канти за отпадоци и засадување на дрвја.

Галерија

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram