Skip to content

Изградба на систем за фотоволтаични модули во 10 општински училишта

Состојба на проект

Реализирани проекти

Датум на отпочнување

февруари 13, 2014

Датум на реализација

септември 29, 2014

ТИП НА ФИНАНСИРАЊЕ

Национални фондови

БУЏЕТ (ДЕНАРИ)

200000

Југоистокот има повеќе од 300 сончеви денови во годината, што претставува одличен потенцијал за искористување на сонцето како природен ресурс. Во регионот постојат многу малку јавни објекти кои користат производство на енергија преку искористување на обновливи извори на енергија.

Изведбата на 10 системи на фотоволтаични модули и нивна имплементација како дел од електрична инсталација и електроснабдување реализирано согласно стандардот ISO 9001:2000, предвидува поставување на фотоволтаични модули на индивидуален систем за производство на електрична енергија во 10 училишта во регионот.

Земајќи ја предвид просечната инсолација на единица површина за целиот регион, таквиот систем е предвидено да произведува околу 28 MWh електрична енергија на годишно ниво, што на сегашната цена на енергијата кон крајните корисници, повлекува заштеда од околу 220.000,00 денари на годишно ниво.

Како крајни корисници на овој проект ќе бидат 10 училишта, по едно од општините: Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Дојран, Конче, Ново Село, Радовиш, Струмица, а целни групи се учениците, наставниците и вработените во училиштата, односно околу 10.000 корисници.

*Цел на проектот

Поставување на 10 фотоволтаични модули на индивидуален систем за производство на електрична енергија во 10 општински училишта во регионот, преку што ќе се овозможи заштеда на потрошувачката на електрична енергија и ќе придонесе кон зачувување на животната средина преку искористување на обновливи извори на енергија.

*Резултати од проектот 

  • Изработена техничка документација за 10 фотоволтаични модули за 10 училишта од регионот;
  • Монтирани 10 фотоволтаични ситеми за производство на електрична енергија;
  • Заштеда на електрична енергија;
  • Заштеда на финансиски средства;
  • Подобрени знаења за искористувањето на обновливи извори на енергија.

 

Галерија

Парнерски општини: Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Општина Радовиш, Општина Струмица
Документација 

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram