Skip to content

Изработка на Регионален план со десет општински планови за интегрирано управување со отпад во Југоисточниот плански регион

Краток опис на проектот

Сите десет општини во Југоисточниот регион имаат некаква форма на организирана услуга за управување со цврст отпад.
Важно што треба да се напомене е дека услугите за управување со отпад на општинските комунални претпријатија се концентрирани на комуналниот цврст отпад, кои во согласно со сите национални програми, стратегии и решенија упатуваат на тоа дека управувањето со отпад ги опфаќа сите видови на отпад што се создаваат од домаќинствата, индустрискиот, градежниот шут, земјоделскиот, медицинскиот отпад.
Согласно со законските решенија за управување со отпад, регионот е должен да има донесено десетгодишен Регионален план за управување со отпад, што ќе се однесува за сите видови на отпад, начинот и чистотата на собирање на отпадот, транспортирање и одлагање на самиот отпад.
Изработените планови (Регионалниот и Општинските) треба да се усвојат од страна на општинските Совети по претходна согласност од државниот орган за управување со отпад.

Цели на проектот:

  • Изработка на Регионален план за управување со отпад за периодот 2017 – 2026 година;
  • Изработка на петтогодишна Програма за регионално управување со отпад 2017- 2021 година;
  • Изработка на 10 (десет) општински Планови за управување со отпад 2017- 2021 година;
  • Изработка на 10 (десет) едногодишни Програми за управување со отпад (2017 година).

Партнери

Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Општина Радовиш, Општина Струмица

Вкупен буџет

8.040.422,00 денари

Финансиран од

Биро за регионален развој, Општина Богданци, Општина Босилово, Општина Валандово, Општина Василево, Општина Гевгелија, Општина Дојран, Општина Конче, Општина Ново Село, Општина Радовиш и Општина Струмица

Резултати

  • Изработен Регионален план за управување со отпад во Југоисточниот плански регион 2017-2026 година;
  • Изработена петтогодишна Програма за регионално управување со отпад 2017- 2021 година;
  • Изработени 10 (десет) општински Планови за управување со отпад 2017- 2021 година;
  • Изработени 10 (десет) едногодишни Програми за управување со отпад (2017 година);
  • Согласност од Министерство за животна средина и просторно планирање;
  • Одлуки за усвоени планови и програми од Советите на општините.

Времетраење

8 месеци

Веб страна

Сите десет општини во Југоисточниот регион имаат некаква форма на организирана услуга за управување со цврст отпад.
Важно што треба да се напомене е дека услугите за управување со отпад на општинските комунални претпријатија се концентрирани на комуналниот цврст отпад

Галерија

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram