Комуникацијата на жителите од двете села Бориево и Колешино, а особено на пензионерите и лицата со посебни потреби a отежната, поради тоа што овие две села се поврзани со пат кој е земјен, тесен и е
во многу лоша состојба.
Користењето на постојниот пат или околните патишта, кои се исто така во многу лоша состојба предизвикува низа проблеми за земјоделците и тоа зголемени трошоци, загуби поради намалување на квалитетот и др. Овој пат е врска на земјоделците до главниот дистрибутивен центар во с.Колешино и до нивното обработливо земјиште во областа.
Од друга страна туристите кои доаѓаат во посета на туристичките локалитети до кои се доаѓа преку овој пат се соочуваат со несоодветна патна инфраструктура, нелагодност при патувањето и одложено време за пристигнување до посакуваната дестинација.
Со изградба на патниот правец с. Бориево – с. Колешино ќе се подобри комуникацијата меѓу граѓаните од околните населени места, ќе има подобрување на транспортот на земјоделските производи до дистрибутивните центри и до пазарите надвор од земјата . Ќе се овозможи и развој на туризмот со лесен пристап до туристичките локалитети во регионот.
Цели на проектот:
- Подготовка на техника документација за изградба на пат од с. Бориево до с. Колешино која се состои од
подготовка на следниве документи: - Подготовка на основен проект за изградба на пат;
- Подготовка на ревизија на основен проект за изградба на пат и мост;
- Подготовка на елаборат за геомеханички испитувања за изградба на мост;
- Подготовка на елаборат за оценка на влијанието врз животната околина на пат и мост.
Резултати од проектот:
- Подготвена техника документација за изградба на пат од с. Бориево до с. Колешино која се состои од
следниве документи: - Подготвен основен проект за изградба на пат;
- Подготвена ревизија на основен проект за изградба на пат и мост;
- Подготовен елаборат за геомеханички испитувања за изградба на мост;
- Подготовен елаборат за оценка на влијанието врз животната околина на пат и мост.