Skip to content

Индустриски зони и комерцијални патишта во прекуграничната област – Зони и патишта

Краток опис на проектот

Добро развиените индустриски зони се најважен предуслов за развој на регионот. Овие зони треба да имаат добро базирана инфраструктура и сигнализација која ќе ја зголеми атрактивноста на зоната за потенцијалните домашни и странски инвеститори. Југоисточниот плански регион има 18 функционални индустриски зони. Покрај овие, уште 10 се во процес на урбанизација. Затоа регионалниот пристап е повеќе од потребен. Регионот мора да превземе мерки за промоција на развиените индустриски зони и со заеднички напори да се оди кон нивен развој со што ќе се промовираат како атрактивна бизнис дестинација.

Главната цел на овој проект е зголемување на економскиот развој проку зголемување на инвестициите во индустриските зони во Југоисточниот плански регион (ЈИПР).

Цели на проектот:

  • Да се создаде силна основа за подобрување на инфраструктурата на индустриските зони во Југоисточниот регион;
  • Зголемување на инвестициите во индустриските зони во Југоисточниот плански регион, а со тоа и зголемување на економскиот развој.

Партнери

Регион Централна Македонија, Грција

Вкупен буџет

73.666.975,00 денари

Финансиран од

ИПА програмата за прекугранична соработка Р. Грција – Р. Македонија 2007-2013

Резултати

  • Преглед и презентација на условите за влез во инфраструктурата и сигнализацијата во индустриските зони во Југоисточниот плански регион;
  • Запознавање на потенцијалните инвеститори со националните и регионалните полиси и мерки заподдршка на инвестициите како и со специфичностите на постојните индустриски зони;
  • Подигање на свеста на Општините за заедничка/регионална презентација на индустриските зони во регионот, пред домашните и странски инвеститори.

Времетраење

15 месеци

Веб страна

Добро развиените индустриски зони се најважен предуслов за развој на регионот. Овие зони треба да имаат добро базирана инфраструктура и сигнализација која ќе ја зголеми атрактивноста на зоната за потенцијалните домашни и странски инвеститори. Југоисточниот плански регион има 18 функционални индустриски зони. Покрај овие, уште 10 се во процес на урбанизација. Затоа регионалниот пристап е повеќе од потребен.

Галерија

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram