Југоисточниот плански регион се стреми да го привлече вниманието на туристите и да ги презентира чистата и здрава околина со езера, планини, водопади, термални води, манастири, но и со локалните манифестации, здравата и традиционална храна и гостопримството на жителите од југоистокот. Одржливиот туризам претпоставува валоризација на компаративните предности што ги има регионот и креирање на квалитетна и иновативна туристичка понуда, прилагодена на современиот туристички пазар.
Со овој проект Југоисточниот плански регион ќе добие мобилна апликација “Е- туристички водич на ЈИПР” која ќе овозможи туристите да добијат јасна слика за сите туристички дестинации што ги нуди регионот.
Софтверските алатки се секогаш корисни за било каква промоција или споделување на информација.
Денешната ера на висока технологија налага да се следи трендот во светот и да се користат нови иновативни алатки, софтверски решенија и производи кои ќе го прикажат регионот како посакувана дестинација за посета, место за дегустација на добра храна, локација за инвестирање, откуп на земјоделски производи и многу други можности.
Софтверските алатки од овој или други слични типови се иднината за маркетинг и промоција на регионот.
*Цели на проектот
- Да се збогати туризмот во регионот;
- Да се создаде интегрирана туристичка понуда во регионот;
- Да се креира нова иновативна алатка за подобрување на туризмот;
- Да се привлечат повеќе туристи;
- Да се зголеми бројот на посети во повеќе туристички дестинации во регионот;
- Да се зголеми бројот на услуги што Бизнис Центарот ги нуди на засегнатите страни во регионот.