Skip to content

Интегриран оперативен центар за хуманитарна помош – HELP

Краток опис на проектот

Проектот вклучува дизајн на кластер од контејнери за извршување на клучни операции за олеснување при справување со катастрофи. Двата меѓусебно поврзани контејнери “Командни Центри – C4I” (еден за Р. Македонија и еден за Грција) ќе бидат испорачани како прототипи во рамките на “HELP” проектот, заедно со медицински контејнер – “MED” (само за Грција).

Главната цел на проектот е да ја подобри стратешката и оперативаната ефикасност на јавната администрација и јавните служби во управувањето со елементарните непогоди во пошироката прекугранична област преку обезбедување на интегрирано решение за техничка поддршка и управување со пост-катастрофални операции и логистика на терен.

Специфични цели:

  •  Да се прошират севкупните регионални и национални капацитети за обезбедување на хуманитарна помош, врз основа на заедничките предизвици кои треба да се решат;
  •  Да се воспостават мрежи и структури за соработка во прекуграничниот регион со цел да се зајакне трансферот на знаење, искуството и експертизата во планирањето, организирањето и извршувањето на операциите за итна помош;
  •  Да се демонстира функционалноста на контејнерот пред сите засегнати страни и да се обучат истите како се користи;
  •  Да се спроведат јавни кампањи за обука на граѓаните во случај на вонредна состојба и да се промовира регрутирањето на социјалните медиуми со цел да се вклучат граѓаните како волонтери.

 

Партнери

Министерство за внатрешни работи (Сектор Македонија – Тракија); - Центар за развој на Југоисточниот плански регион - Македонија; - Грчки спасувачки тим - Грција; - Центар за управување со кризи- Македонија.

Вкупен буџет

905.553,00 евра (249.266,00 евра буџет на ЦРЈИПР)

Финансиран од

Интеррег ИПА програмата за Прекугранична соработка „Грција - Република Северна Македонија 2014-2020“

Резултати

  • Развиени два C4I контејнери (еден за Р. Македонија и еден за Грција) и еден медицински контејнер (за Грција);
  • Зголемен капацитет на јавните власти за справување со природни катастрофи;
  • Зголемена подготвеност за одговор при катастрофи во прекуграничната област;
  • Засилена стратешка/оперативна соработка за прашањата поврзани со хуманитарната помош помеѓу двете земји;
  • Подигната свест на населението за природните непогоди;
  • Промовирање и развивање на хуманитарното волонтерство.

Времетраење

18 месеци

Веб страна

Проектот вклучува дизајн на кластер од контејнери за извршување на клучни операции за олеснување при справување со катастрофи. Двата меѓусебно поврзани контејнери “Командни Центри – C4I” (еден за Р. Македонија и еден за Грција) ќе бидат испорачани како прототипи во рамките на “HELP” проектот, заедно со медицински контејнер – “MED” (само за Грција).

Галерија

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram