Преку овој проект ќе се овозможи зголемување на знаењето на жителите на прекуграничниот регион за обновливите извори на енергија достапни во регионот. Исто така ќе се овозможи жителите на регионот подобро да ги разберат можностите за искористување на овие извори на енергија и ќе имаат можност да научат како да се постигне поголема енергетска ефикасност.
Проектот “Кон иднината” – Студија за потенцијалот и искористување на обновливите извори на енергија во прекуграничниот регион, ќе придонесе за зголемување на јавната свест за потенцијалот на обновливите енергетски ресурси во прекуграничниот регион и кон идното користење на еко ресурсите како и зголемување на енергетската ефикасност и користењето на обновливи извори на енергија во Југоисточниот плански регион, Република Македонија и Југозападниот регион, Република Бугарија.
Во рамките на проектот планирани се тркалезни маси и работилници со кои ќе се овозможи размената на искуство и трансфер на знаење, како и зголемување на соработката за заеднички активности во прекуграничниот регион на Република Македонија и Република Бугарија.
Цели на проектот:
- Зголемување на свеста за обновливите извори на енергија во прекуграничниот регион;
- Запознавање на вработените во општините од прекуграничниот регион со можностите за обновливи извори на енергија и за начините за нивно користење;
- Претставување на концептот на енергетската ефикасност преку искористување на обновливите извори на енергија на приватните и јавни субјекти кои се наоѓаат во прекуграничниот регион;
- Утврдување на капацитетите на обновливите извори на енергија во прекуграничниот регион и објавување на Студијата;
- Понуда на серија од можности за искористување на обновливите извори на енергија во прекуграничниот регион.