Со овој проект се предвидува реконструкција односно доградба на објектите на три Домови на културата во три општини во Југоисточниот плански регион и тоа во с.Моин – Општина Гевгелија, с. Лубница – Општина Конче и во Радовиш, Општина Радовиш.
Домот на културата во с. Моин, о. Гевгелија е со површина од 183,85 м2 и просторот ќе се санира и прилагоди со цел да биде во функција на жителите на село Моин, како и на децата од училиштето ПООУ „Страшо Пинџур“ кое се наоѓа наспроти самиот Дом. Реконструкцијата на Домот на културата во с. Моин предвидува замена на под, реконструкција на фасада, замена на столарија, поставување на нова кровна конструкција, замена на електрична инсталација, санитарни јазли и рампа за лица со хендикеп.
Во Домот на културата во с. Лубница, о. Конче се предвидува реконструкција на постојниот објект со изведување на градежни работи, електро инсталатерски работи и водовод и канализација. Исто така предвидено е и расчистување на просторот околу Домот, негово уредување и оплеменување со засадување на зимзелени растенија, листопадни грмушки, поставување на корпи за отпадоци и дрвени клупи.
Во Домот на културата „Ацо Караманов“ во Радовиш, о. Радовиш се предвидува изградба на помошен објект – натстрешница за оградување на зградата на Домот на културата. Објектот ќе има услужна функција и ќе биде од голема корист за актерите и учесниците во најразлични претстави, културно-уметнички настани, фестивали и друго бидејќи ќе овозможува пристап во вид на рампа од дворот до бината на салата на Домот. Рампата ќе биде покриена со натстрешница изработена од челична конструкција и термопанел како кровен покривач. Дополнително предвидено е да се отвори двокрилна врата во постојниот носечки ѕид на објектот на Домот на културата кој од актерската грамиорна ќе води директно до бината на салата.
Главната цел на проектот е унапредување на квалитетот на живот во руралните и урбаните подрачја преку промоција на културата во регионот.