Туризмот е една од главните стратешки цели во Програмата за развој на Југоисточниот плански регион, кој располага со многу туристички локации и можности за развој за туризмот. Голем број туристи кои го посетуваат регионот, застануваат да се одморат на вештачкото езеро Паљурци, кое се наоѓа во близина на општина Богданци.
Езерото нуди можности за рекреација, има услови за излети, планинско пешачење, а има и историска значајност. Областа е наречена Паљурци по Свети Павле, кој дошол овде за да го пренесе христијанството во Македонија. Поради значајноста на ова место, Римокатоличката црква гради црква моделирана според Ватиканската црква.
Преку овој проект општина Богданци ќе добие амфитеатар од 400 места со кој ќе се овозможи развој на туризмот и кој ќе биде центар на одржување на досегашните традиционални културни манифестации во Богданци и околината: Богданските средби, Коледарскиот хепенинг, Првомајски трки на коњи и магариња, Богданско културно лето, како и одржување семинари, симпозиуми, забава, театар, концерти, предавања.
„ПАЉУРЦИ – АМФИТЕАТАР“
Цели на проектот:
- Обезбедување простор каде што ќе се одржуваат традиционални културни манифестации, семинари, симпозиуми, забава, театар, концерти, предавања;
- Развој на локална и регионална пазарна област, во која јавни групи даваат услуги од разновиден карактер, зависно од потребите на пазарот;
- Врз основа на климатските услови во Југоисточниот плански регион се предвидува амфитеатарот на отворено да се користи од март до ноември. Овој период е клучен за сите активности што се случуваат во таа област;
- Зголемување на економскиот развој во општината Богданци преку развој на нови бизниси.
Очекувани резултати:
- Изграден амфитеатар за потребите од културен карактер на локалното население;
- Зголемен број на посетители – туристи во руралниот дел на регионот;
- Зголемена туристичка понуда во Југоисточниот плански регион;
- Подобрен квалитетот на живот на жителите од општина Богданци:
- Подобрено партнерство помеѓу приватниот сектор, општините, невладините организациии и граѓаните, особено во поглед на одржливоста на проектните резултати, подобрување на економската ситуација и покачување на потенцијалот за идни домашни и странски инвестиции.