Во рамките на овој проект ќе се идентификуваат нови туристички содржини преку подготовка на Студија за развој на туристичкиот локалитет Суви Лаки и Техничка документација за изградба на авантуристички парк. Со подготовка на овие документи ќе се создадат услови за изградба на авантуристички парк кој ќе ја зголеми атрактивноста на туристичкиот локалитет Суви Лаки и ќе овозможи зголемување на инвестициите во туризмот.
Изградбата на мини авантуристички парк во туристичкиот локалитет Суви Лаки ќе ги вклучи следниве содржини:
1. Детско игралиште во кое ќе бидат поставени елементи со амортизери, лизгалка – тобоган, лулашки и двојни лулашки, клацкалки со различни висини, дрвени куќарки со платформа, трамболина, вртелешка и други елементи соодветни за деца;
2. Детско игралиште за деца со посебни потреби со реквизити прилагодени за овие деца со доволно широки патеки кои ќе водат до нив, со цел да се овозможи нивно непречено движење;
3. Авантуристички парк со премин преку јажиња, јажени висечки мостови, спуштање со сајли, високи платформи, трамболини за возрасни, вештачка карпа за качување и др.;
4. Велосипедски парк во кој се предвидени елементи за возење и изведување на најразлични акробации направени од дрво кои се подигнати од земјата, патеки за возење направени од земја на кои се наоѓаат најразлични препреки за скокање и закривени делови, како и други специфични елементи за возење.
Цели на проектот:
- Подготовка на Студија за развој на туристичкиот локалитет Суви Лаки;
- Подготовка на Техничка документација за изградба на авантуристички парк.
Резултати од проектот:
- Подготвена Студија за развој на туристичкиот локалитет Суви Лаки;
- Подготвена Техничка документација за изградба на авантуристички парк;
- Збогатена туристичка понуда;
- Подобрена туристичка инфраструктура;
- Зголемен број на работни места во туристичкиот сектор.