Skip to content

Поддршка во самовработувањето за млади и жени

Краток опис на проектот

Партнери

Центар за развој на Источниот плански регион, Центар за развој на Југозападниот плански регион

Вкупен буџет

430151

Финансиран од

Резултати

Времетраење

Веб страна

Невработеноста била и продолжува да биде еден од главните проблеми во развојот на Република Македонија. Вработеноста во Република Mакедонија се карактеризира со многу непoволна полова структура. Оваа структура е непроменета во еден подолг период, пред се, поради нестабилните економски социјални услови во земјата и неусогласеноста на расположивите и потребните профили на пазарот на трудот. Со овој проект се создава можност за финансирање на нови бизнис планови со што ќе се овозможи отварање на нови бизниси и нови работни места.

*Цели на проектот 

  • Избор на нови бизниси за подршка со финансиски средства за отпочнување и регистрација на деловната дејност
  • Создавање на нови работни места за невработени млади и жени
  • Поттикнување на самовработувањето кај младите и жените

*Резултати од проектот 

Формирани и регистрирани во Центарлниот регистар три (ДООЕЛ) – нови бизниси и тоа во:

  • Југоисточниот плански регион за производство и продажба на традиционално и домашно слатко, како и
    алкохолни ликери кои ќе бидат приготвени по традиционалниот рецепт на овој регион
  • Истониот плански регион за рачна изработка на
    волнени теписи
  • Југозападниот плански регион за производство на леб, бели пецива, колачи и слатки по традиционални
    рецепти
  • Евидентирани се 6 нови вработувања во Агенцијата за вработување, а во текот на годината според
    потребата на призводните процеси вкупно се ангажирани и ќе бидат ангажирани околу 12 сезонски работници.
  • Опстојување и проширување на новите бизниси со зголемување на обртот и нови вработувања.

Галерија

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram