Skip to content

Подобрување на енергетската ефикасност на 10 јавни згради во Југоисточниот плански регион

Краток опис на проектот

Партнери

10-те општини од Југоисточниот плански регион (Босилово, Богданци, Валандово, Василево, Гевгелија, Дојран, Конче, Ново Село, Радовиш, Струмица).

Вкупен буџет

1839000

Финансиран од

Резултати

Времетраење

Веб страна

Преку подобрување и обновување на изолацијата на објектите, одржување на енергетските системи во зградите, примена на мерки и технологии за енергетска ефикасност како и менување на навиките за рационална и соодветна енергетска потрошувачка од страна на потрошувачите во објектите, ќе се намалат трошоците за енергија и ќе се овозможи заштита на животната средина.
Во рамките на овој проект ќе се изработи техничка документација за 10 објекти (училишта и градинки) во 10-те општини во Југоисточниот регион. Истата понатаму ќе послужи овие објекти кои се изградени пред 30-тина години да се реконструираат во однос на енергетската ефикасност, а со тоа да се овозможи намалување на загубите на енергија и емисиите на стакленички гасови и да се создаде удобен простор за престој и работа.
Исто така предвидено е да се одржат и 10 работилници во секоја општина со цел вработените од овие објекти да се запознаат со концептот на енергетска ефикасност и да се претстават резултатите од проектот.

Цели на проектот:

Подготовка на техничка документација (основен проект со вклучена ревизија и елаборат за енергетска ефикасност за следниве 10 јавни установи:

  • ПУ Долни Липовиќ во с. Долни Липовиќ, о. Конче
  • ОУ „Орце Николов“ с. Ињево, о. Радовиш
  • СОУ „Богданци“, о. Богданци
  • ООУ „Кочо Рацин“, Нов Дојран, о. Дојран
  • ОУ „Владо Кантарџиев“, о. Гевгелија
  • ЈОУДГ „ Калинка“, о. Валандово
  • OОУ „Кирил и Методиј“ с.Иловица, о. Босилово
  • ООУ „Мануш Турновски“ с. Ново Село, о. Ново Село
  • ПОУ „Гоце Делчев“ с. Седларци, о. Василево
  • ЈОУДГ „ Детска Радост “ клон 2,3 и 4, о. Струмица

Резултати од проектот:

  • Подготвени 10 основни проекти со вклучена ревизија;
  • Подготвени 10 елаборати за енергетска ефикасност;
  • Можност за рекунструкција на 8 основни училишта и 2 градинки;
  • Сертификација на 10 енергетско ефикасни објекти.

Галерија

Споделeте го овој проект

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram