Моментално во селата Сулдурци, општина Радовиш и Јосифово, општина Валандово не постои уредено место за забава и рекреација за деца на предшколска и школска возраст. Поради немање на вакво место децата се принудени да играат по улиците при што се загрозува нивната безбедност.
Исто така поради немање на соодветни услови за игра, забава, рекреација и развој на нивните деца многу млади брачни парови ги напуштаат родните огништа, семејствата и традицијата и се иселуваат кон поголемите градови. Сето ова придонесува кон намалување на работоспособното население во овие населени места при што се намалува можноста за развој на селата во општините Радовиш и Валандово како и во целиот Југоисточен плански регион.
Со овој проект ќе се овозможи преку создавање на услови за правилен раст и развој на децата преку безбедна забава, игра и рекреација т.е со изградба на детски игралишта да се подобрат условите за живот во руралните средини во регионот поточно во селата Сурдулци во Радовиш и Јосифово во Валандово. Преку обезбедувањето на соодветни услови за живот младите брачни парови нема да мигрираат во поголемите населени места и ќе останат кај своите семејства со својата традиција и во своите родни огништа.
Ова пак ќе придонесе кон задржување на работоспособното население внатре во селата и ќе овозможи развој на селата и повеќе вработувања преку развој на нови претприемачи и мали индустриски капацитети.
Цели на проектот:
- Изградба на детско игралиште во с. Сулдурци во општина Радовиш;
- Изградба на детско игралиште во с. Јосифово во општина Валандово.
Резултати од проектот:
- Изградено детско игралиште во с. Сулдурци, општина Радовиш;
- Изградено детско игралиште во с. Јосифово, општина Валандово;
- Намалени миграциони движења;
- Отворени нови мали бизниси.