Skip to content

Подобрување на локални патишта во општините Богданци, Гевгелија, Ново Село и Дојран

Состојба на проект

Тековни проекти

Датум на отпочнување

декември 4, 2019

Датум на реализација

ТИП НА ФИНАНСИРАЊЕ

Национални фондови

БУЏЕТ (ДЕНАРИ)

14899724

Потребата за сообраќајно-техничко решение коешто ќе прецизира реконструкција и ревитализација на локален патен правец од клучка P604 пат Струмица-Дојран до клучка P611 пат Валандово-Гевгелија преку населено место Црничани со вкупна должина на делницата од 800 метри (Проект 1), изградба на локален пат с.Зубово – спој со пат с.Ново Село и с.Мокриево, последна III фаза од КМ 1+340 до КМ 2+247 (Проект 2) и ревитилизација на пат с.Богородица – с.Стојаково – крстосница со регионален пат Гевгелија-Богданци I фаза (Проект 3) е од голема важност за граѓаните од овие населени места како и за развојот на еден регион.

Трасите на наведените локални патишта се во многу лоша состојба. Теренот е речиси хоризонтален и по целата траса се среќаваат повеќе водотеци за одводнување на површинските води и отежнат сообраќај.

Со ваквите проекти и реконструкцијата на ваквите патни инфраструктури на дел од локалните патишта ќе се овозможи поврзување на населените места по асвалтен пат со што ќе се избегне заобиколувањето со цел да се стигне од едно до друго населено место, а со тоа на граѓаните ќе им се овозможи повисок и поквалитетен животен стандард, што во суштина значи и константно подобрување на условите за живот.

Трите проекти за подобрување на локалната патна инфраструктура ќе се реализираат во рамки на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој според мерка 321 Развој на јавна инфраструктура во рурални средини, подмерка 321.1 Инвестиции во локална патна инфраструктура за поврзување меѓу две или повеќе населени места во рурални средини.

Осовременувањето на овие локални патишта и патни правци ќе ја подобри комуникацијата помеѓу населените места, како и околните населени места во регионот со што ќе ја подобри патната инфраструктура во Југоисточниот плански регион.

Цели на проектот:

  • Изградба на локален пат, реконструкција од клучка Р604 пат Струмица-Дојран до клучка Р611 пат Валандово-Гевгелија преку населено место Црничани;
  • Изградба на локален пат с.Зубово – спој со пат с.Ново Село – с.Мокриево, последна III фаза од км 1+340 до км 2+247;
  • Изградба на локален пат, ревитализација на пат с.Богородица-с.Стојаково – крстосница со регионален пат Гевгелија-Богданци;
  • Подобрување на локалната патна инфраструктура во Југоисточнот плански регион;
  • Подобрување на условите за живот на граѓаните од овие населени места;
  • Олеснета комуникација преку поврзување на населените места.

Резултати на проектот:

  • Изграден локален пат за поврзување на Струмица-Дојран до клучка Р611 со пат Валандово-Гевгелија преку населено место Црничани;
  • Изграден локален пат за поврзување на с.Зубово, с.Ново Село и с.Мокриево во должина од км 1+340 до км 2+247 во општина Ново Село;
  • Изграден локален пат за поврзување на с.Богородица-с.Стојаково и крстосница со регионален пат Гевгелија-Богданци;
  • Подобрени услови и подобрен квалитетот на живот на населението од населените места;
  • Поврзување на населените места;
  • Зголемен број на моторни возила кои ќе ги користат локалните патишта;
  • Зголемен број на земјоделци кои ќе ги користат патиштата за подобар пристап до пазарите на големо;
  • Подобрена локалната патна инфраструктура во Југоисточниот плански регион;

Галерија

Парнерски општини: Општина Гевгелија, општина Дојран, општина Ново Село, Општина Богданци
Документација 

Споделeте го овој проект

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram