Eзерото Турија е најголемото вештачко езеро во Југоисточниот плански регион. Неговата убавина и природата се поттик за промовирање преку посети на туристите, на излети, рекреација, спорт и риболов. Езерото е опкруженo со прекрасна шума и самата клима придонесува за дополнително уживање за туристите. Со реконструкција на патот, ова место ќе биде подобро достапно и на животната средина нема да има било какви ризици, особено по растителниот и животинскиот свет.
Крајни цел од овој проект ќе имаат жителите од Струмичкиот микро-регионот, риболовците и ловџиите од Југоисточниот плански регион и од целата држава, а целни групи се иселеното население од с. Доброшинци и с. Нивичино, фармерите, водоснабдување „Струмичко поле“, ЈП „Македонски шуми“, риболовните и ловните друштва од Југоисточниот регион.
Цели на проектот:
- Подобрување на руралната патна инфраструктура од брана Турија и пристап до с. Нивичино;
- Создавање можности за заживување на с. Нивичино и промоција на неговиот туристички потенцијал;
- Подобрување на економскиот развој;
- Подобрување на условите за живот – полесен пристап до возилата на противпожарна служба, полиција, болничко возило.
Очекувани резултати:
- Изработен основен проект за изградба на пат;
- Изработена ревизија за основен проект за изградба на пат;
- Изработен елаборат за оценка на влијанието врз животната средина на пат;
- Изграден пат од с. Доброшинци – брана Турија – с.Нивичино.